Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ДИЖС и Амбасадата на САД заеднички го одбележаа Светскиот ден на планетата Земја
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ДИЖС и Амбасадата на САД заеднички го одбележаа Светскиот ден на планетата Земја
Агровести

ДИЖС и Амбасадата на САД заеднички го одбележаа Светскиот ден на планетата Земја

Објавено 22/04/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Директорката на Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) Ана Петровска, заедно со претставници на Амбасадата на САД, Ендру Мофат (политички и економски офицер) и Розита Мреноски (економски советник), на 20 април го посетија историското индустриско жариште Охис, во рамките на заедничкото одбележување на Светскиот ден на планетата Земја.

Претставниците на Амбасадата, како што соопшти ДИЖС, се запознаа со предизвиците околу инспектирањето на постапките за преточување и отстранување на опасните хемикалии, метил акрилат мономер и винил хлорид, и утврдија дека цистерните во кои тие се складираа во моментот се празни и безбедни.

May be an image of one or more people and outdoors
Фото: Facebook

Тие се информирале за претстојниот почеток на чистењето на малата депонија за линдан и улогата на Инспекторатот во спроведувањето на мерките за заштита на животната средина и здравјето на населението во Градот Скопје што се утврдени во одобрениот План за ремедијација. Ја посетиле пречистителната станица во состав на посебниот канализациски систем на ОХИС што е вон функција, а за која треба да се утврди можноста за реконструкција и преземање од страна на Јавното претпријатие Водовод и канализација.

– Оваа година Светскиот ден на Планетата Земја се одбележува под мотото „Да ја обновиме Земјата“, а една од темите што глобално се обработуваат е „Чистење и многу повеќе“, наведуваат од Инспекторатот.

Директорката на инспекторатот Ана Петровска посочила дека чистењето на загадувањето од индустриското жариште ОХИС се реализира постапно и во зависност од достапните финансиски средства. Претставниците на Амбасадата се согласиле дека за целосно решавање на опасното загадување неопходно е да се вклучат сите надлежни национални институции, банките и заинтересирани компании од приватниот сектор.

– Амбасадата на САД и Државниот инспекторат за животна средина веќе имаа заеднички активности во рамките на програмата за научни соработници (“Science fellows”) и тие ќе продолжат во иднина, со цел подобрување на ефикасноста на инспекциските надзори и намалување на загадувањето, додаваат од ДИЖС.

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:DIZS
Претходен напис Филипче: Сертификат за вакцинација или негативен ПЦР тест за патување во Грција
Следен напис Неисправна водата за пиење од водоводите во четири села во Виничко
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?