Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ДИЖС ѝ укажа на Општина Струга да спроведе мерки за заштита на трската
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Шумарство и водостопанство > ДИЖС ѝ укажа на Општина Струга да спроведе мерки за заштита на трската
Шумарство и водостопанство

ДИЖС ѝ укажа на Општина Струга да спроведе мерки за заштита на трската

Објавено 23/03/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) испрати допис до Општина Струга по извршениот вонреден инспекциски надзор на опожарената трска кај селото Калишта, со укажување дека е одговорна за управување и спроведување мерки и активности за заштита и промовирање на светското природно и културно наследство на Охридскиот регион и спречување негативни активности.

– Имателите на светско природно и културно наследство во Охридскиот регион се одговорни за одржувањето, чувањето, почитувањето и правилното користење на природното и културното наследство. Општина Струга како имател на светското природно наследство треба да постави знак за светското наследство на начин определен во (членот 20 став) и преземање мерки што произлегуваат од планот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион – информира Државниот пазарен инспекторат.

Вонредниот инспекциски надзор беше извршен на 17 март, годинава, по добиена медиумска информација за опожарување на трските во Охридското Езеро во близина на струшкото село Калишта.

– Инспекцискиот надзор е извршен на потегот помеѓу Струга и селото Калишта, каде што при увидот со Записник за констатација е константирано дека на брегот од Охридското Езеро има уништување на трска и друга вегетација, со опожарување во должина од околу 450 метри и ширина од 50 метри лево од пешачката патека, која води од Струга кон Калишта, а десно меѓу патеката и регионалниот пат Струга – село Калишта имаше запалена вегетација на две локации. Дел од изгорената трска и вегетација не е опожарена пред временскиот период кога е извршен надзорот, бидејќи има појава на обновување, односно раст на нова вегетација. Поднесено е барање за покренување кривична постапка до Основно Јавно Обвинителство на РМ-ОЈО Струга за сторено кривично дело „Загадување на животна средина и природата”, стои во информацијата на Инспекторатот.

Може да ви се допадне

Кривична пријава за поранешен директор на „Национални шуми“: Предизвикал штета од над 2 милиони денари
(ВИДЕО) Протест на земјоделците од Новоселани, општина Чешиново Облешево, поради неисправни канали за наводнување
Хидросистемот Ѓавато се санира, во најскоро време ќе биде функционален
ЗК Пелагонија покажува како се работи конкурентно земјоделство: Иновација за прецизно наводнување во големи размери
„СТРЕЖЕВО“ почна со полнење на цевководите за наводнување
Таг:трска струга
Претходен напис Тиквешани го испочитуваа адетот за Младенци, подготвија 40 посни питулици со маџун
Следен напис (ВО ЖИВО) Министерот Љупчо Николовски на тема политиките во корист на земјоделците
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?