Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Димковски: Државата ќе ги поттикнува локалните фирми во преработката на производи од животинско и неживотинско потекло
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Саеми и манифестации > Димковски: Државата ќе ги поттикнува локалните фирми во преработката на производи од животинско и неживотинско потекло
Саеми и манифестации

Димковски: Државата ќе ги поттикнува локалните фирми во преработката на производи од животинско и неживотинско потекло

Објавено 20/08/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Државата ќе ги поттикнува локалните фирми во преработката на производи од животинско и неживотинско потекло за кои ќе бидат овозможени грантови во висина од 10 илјади евра. Средствата преку програма која ќе биде објавена наскоро, како што истакна Државниот секретар при Министерството за земјоделство Трајан Димковски во рамки на манифестацијата Форест Фест 2022 ќе се исплаќаат преку Платежната агенција, а единствен услов е да бидат регистрирани во Агенцијата за храна и ветеринарство.

– За брзо време ќе објавиме нова програма која ќе се однесува на преработка на производи од животинско и неживотинско потекло, а тоа значи продажба на праг. Целта на програмата е малите фирми да можат производите да ги продадат во мали маркети, ресторани и слично. Сите сакаме да пробаме локална храна и производи и трендот е во таа насока. Да напоменам дека тие програми се преку грантови од 10 илјади евра кои се исплаќаат преку Платежната агенција. Единствен услов е да со минимум стандарди, производителите да можат да ги опслужуваат и гарантираат за безбедност за храна, рече Димковски за време на учеството на фестивалот Форест Фест кој во изминатите два дена се одржува во Едукативниот центар во пехчевското село Негрево.

Преку ваквите мерки на Националната програма, како што додаде целта е да се поттикне 100 мали фирми и нивното локално производство. Воедно дополни дека Министерството ќе продолжи со поддршката на манифестациите како Форест Фест, кои годишно добиваат поддршка од државата во висина од околу 120 илјади денари.

Во рамки на манифестацијата Форест Фест која викендов се одржува во организација на Националното здружение на сопственици на приватни шуми се одржаа серија работилници за заштита на шумите од пожари, а како дел од настанот денес се реализираше велосипедска тура до врвот Ченгино Кале, преку изворот на река Брегалница, како и еднодневна планинарска тура до месноста „Џоловето” над Пехчево.

Може да ви се допадне

Саем на рурални домаќинства: Два дена македонски автентични вкусови – поврзување на модерното со традицијата
Влада на Србија: Меѓународен саем за вино, храна, ракија и туризам од 22 до 25 ноември во Белград
Македонските компании за првпат учествуваат на Меѓународниот саем АДИФЕ, можност за промоција на македонските производи
Николовски од Форест Фест Берово: Го придвижуваме руралниот развој во шумарството, согласно европските насоки и позитивни искуства
Форест Фест денес и утре во Берово
Таг:Трајан Димковскифорест фест
Претходен напис Македонските вина и традиционални земјоделски производи претставени на саемот АГРА 2022 во Република Словенија
Следен напис Најмногу дожд во изминатите 24 часа на Попова Шапка, најмалку во Пожаране, Претор и Демир Капија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?