Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски од Форест Фест Берово: Го придвижуваме руралниот развој во шумарството, согласно европските насоки и позитивни искуства
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Николовски од Форест Фест Берово: Го придвижуваме руралниот развој во шумарството, согласно европските насоки и позитивни искуства
Агровести

Николовски од Форест Фест Берово: Го придвижуваме руралниот развој во шумарството, согласно европските насоки и позитивни искуства

Објавено 22/09/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Денеска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски присуствуваше и ја отвори манифестацијата  Форест Фест Берово. На насатнот присуствуваа и градоначалникот на Берово, Ѕвонко Пекевески, градоначалникот на Пехчево, Алексанадар Китановски, директорот на ЈУ Национален парк Маврово, Самир Ајдини, претставници од секторот шумарство и национални паркови, претседателот на Националното здружение на сопственици на приватни шуми, Војо Соколов, сопственици на приватни шуми и експерти-предавачи од Словенија, Хрватска и Бугарија, како земји членки на Европската Унија.

Форест Фест е манифестација, која прераснува во традиционална.

Министерството   за   земјоделство,   шумарство   и водостопанство и овој пат го поддржа овој настан, како една од 67-те локални манифестации кои се финансирани од Програмата за рурален развој.

„Фокус на овогодинешниот Форест Фест се програмите за поддршка на руралниот развој, каде што планираме и сопствениците на приватните шуми   да   ги   вклучиме   како   целна   група,   за   помош   и поддршка преку соодветни субвенции. За таа цел, добро би ни дошле сите доктринарни искуства и добри практики од земјите од регионот, како   што   се   Словенија,   Хрватска,   Бугарија   и   други,   кои   би   биле применливи во моментот и кај нас. И овој пат Националното Здружение на   сопственици   на   приватни   шуми,   се   покажа   како   многу   важен фактор  во креирање на шумарските политики  во  Македонија и  ова е само мал придонес како да го придвижиме руралниот развој во шумарството, во правец на европските насоки и позитивни искуства, кои се пак многу важен дел за нашите темелни заложби за придружување кон  Европското семејство“ посочи министерот Николовски.

Во рамките на настанот, се одржаа и повеќе едукативни работилници кои беа презентирани од врвни експерти од областа на шумарството во Словенија, Хрватска и Бугарија, како и експерт од Европската комисија. Темите на работилниците беа во насока на хармонизација на новиот закон за шуми кој се креира по европски терк, и искористувањето на европските фондови и националните програми за поддршка на шумарството, приватните сопственици на шуми и националните паркови.

Подобрувањето на состојбите во шумарството е една од стратешките цели на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Владата на Република Северна Македонија за остварување на европската заедничка зелена агенда за климатски неутрална Европа.

Во моментов   во   фаза   на подготовка е новиот закон за шумите, во кој ќе бидат вградени токму овие цели, за помош и поддршка на руралниот развој во шумарството, кои би биле исполнување на уште еден предуслов со цел да го намалиме  трендот   на  иселување   на   младите   од   руралните средини и да им овозможиме на сите државни и приватни сопственици на шуми полесно да ги управуваат шумите, по примерот на земјите членки на Европската Унија.

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:беровоНиколовскифорест фестшумарството
Претходен напис ЦУК: Изгаснати 23 пожари на отворено, тимови на ЕВН интервенирале во12 општини
Следен напис Гори борова шума во Тетовско, се гаси и од земја и од воздух
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?