Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Дигитална мапа за појасите на трска на охридското крајбрежје од Подмоље до Свети Наум
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Шумарство и водостопанство > Дигитална мапа за појасите на трска на охридското крајбрежје од Подмоље до Свети Наум
Шумарство и водостопанство

Дигитална мапа за појасите на трска на охридското крајбрежје од Подмоље до Свети Наум

Објавено 12/01/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Појасите со трска на охридското крајбрежје од селото Подмоље до Свети Наум се поставени на дигитална мапа во рамки на проектот „Мапирање и управување со трската во Охридското Езеро“ што го реализира Здружението за заштита и одржлив развој на животната средина ‐ Регионален зелен центар Охрид.

Од Општина Охрид појаснуваат дека се работи за дигитална интерактивна мапа на која се одбележани појасите на трска на крајбрежјето на нивна територија.

– Со клик на секој од појасите се појавува легенда за него, која содржи информации добиени од теренските истражувања во однос на должина и ширина на појасот, вкупна површина и споредба на површината во однос на претходни постари мерења, слики и кратки информативно- едукативни видеа, информираат од Општина Охрид.

Целта на активноста, како што соопштија, е промоција на природното наследство и подигнување на јавната свест за значењето и потребата од правилно управување со трската во Охридското Езеро.

– Од аспект на едукативен карактер, мапата ќе служи како помагало во образовниот процес во основните училишта, со цел учениците да развијат поголема свест за животната средина и конкретно за трската. Од информативен аспект, ќе служат да и ја доловат на јавноста вклучувајќи ги и туристите, реалната состојбата во која што се наоѓа трската, како и потребата од превземање соодветни мерки, стои во информацијата на Општина Охрид. До мапата може да се пристапи преку линкот https://rzc-ohrid.com/?page_id=1064

Проектот „Мапирање и управување со трската во Охридското Езеро“ се реализира во рамките на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2, финансирана од Европската унија, а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Протест на земјоделците од Новоселани, општина Чешиново Облешево, поради неисправни канали за наводнување
Хидросистемот Ѓавато се санира, во најскоро време ќе биде функционален
ЗК Пелагонија покажува како се работи конкурентно земјоделство: Иновација за прецизно наводнување во големи размери
„СТРЕЖЕВО“ почна со полнење на цевководите за наводнување
Нов проект поддржан од Зелениот климатски фонд започнува во Македонија!
Таг:охридско езеро
Претходен напис Во Кочанско почна распределбата на картичките за „зелена нафта“ од втората фаза
Следен напис Времето денеска променливо облачно, попладне со повеќе сончеви периоди
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?