Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во Кочанско почна распределбата на картичките за „зелена нафта“ од втората фаза
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во Кочанско почна распределбата на картичките за „зелена нафта“ од втората фаза
Агровести

Во Кочанско почна распределбата на картичките за „зелена нафта“ од втората фаза

Објавено 12/01/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Над 95 отсто од регистрираните земјоделски стопанства од општините Кочани, Зрновци и Чешиново-Облешево, кои поднеле барања за финансиска поддршка за 2021 година, веќе ги добиле картичките за „зелена нафта“.

Во Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Кочани привршува распределбата на картичките од втората фаза, односно за земјоделците кои своите обврски за воден надоместок, за напасување добиток или за концесија за користење државно земјиште ги платиле по 25 јули минатата година.

-Со финансиската поддршка за набавка на гориво се опфатени 2021 земјоделец од трите општини, за што од државниот буџет беа обезбедени над 108 илјади евра. Најголем дел од нив веќе ги добија картичките, а во втората фаза останува да се распределат уште за 154 корисници. За да им го олесниме добивањето на поддршката, телефонски ги известуваме за терминот во кој можат да дојдат во нашите простории и да ја подигнат картичката, при што треба да покажат документ за лична идентификација – истакна Горан Миладинов, раководител на Подрачната единица за земјоделство во Кочани, пренесува Канал Осум.

Износот со кој на земјоделците ќе им бидат покриени дел од трошоците за дизел гориво е различен за единица површина, во зависност од земјоделската гранка што е пријавена во електронските барања што тие ги поднеле до Агенцијата за финансиска поддршка и рурален развој по Програмата за 2021 година.
Рокот во кој треба да се искористат картичките за „зелена нафта“ е до 30 април годинава.

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:зелена нафтакочаничешиново облешево
Претходен напис Николовски: Во 2023 година имаме најголем буџет во земјоделството вреден 12 милијарди денари, со кој предвидуваме многу нови мерки за поддршка на земјоделците и започнување на новиот модел за субвенционирање
Следен напис Дигитална мапа за појасите на трска на охридското крајбрежје од Подмоље до Свети Наум
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?