Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Дигитален агроном поддршка за земјоделските производители во време на пандемија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Совети > Дигитален агроном поддршка за земјоделските производители во време на пандемија
Совети

Дигитален агроном поддршка за земјоделските производители во време на пандемија

Последна измена: 27/03/2020 11:55
Сподели
4 мин. за читање
Сподели

Моменталната состојба предизвикана од корона вирусот би можела да влијае на земјоделството, пазарот на производи но и на произвдоството на  насади. Во Македонија се воведени нови одредби кои се однесуваат на извршувањето на агротехничките мерки.

И додека ни  изгледа дека се застанало, во многу овоштарници  вегетацијата започна многу порано поради  високите темеператури кои беа  забележани на крајот на февруари и почетокот на март. Насадите со кајсија, праски, цреши  и јаболка бараат во овој момент многу голема посветеност и надзор. Она што не им  оди во прилог на овоштарите е тоа  што поради новонастаната ситуација со корона вирусот и со ограниченото движење се ограничени и можностите за непосредна посета на советодавачите во овоштарникот. Меѓутоа, претставниците на компанијата Fresh Agriculture Technologies порачуваат дека овоштарите не се сами и дека апликацијата која тие ја развиле има улога на дигитален агроном кој е идеален за користење во ова време кога работата во овоштарникот не смее да трпи.

MapMyApple е апликација за мобилен телефон кој помага во контрола на условите во овоштарникот  и планирање на агротехничките мерки прилагодени на условите на секој насад посебно. Таа е спој на големо научно познавање и пракса на одгледувачите на јаболка ширум светот. MapMyApple апликацијата низ сите фази на одгледување на јаболка дава план:

– Кога и во кои количини да се наводнува

– Оптимална прихрана на јаболката во вистинско време (препорачани активни материи за прихрана)

– Како да се заштити овошјето, со кои средства и кога

Претставниците на оваа компанија истакнуваат дека нивниот дигитален агроном дава препораки за употреба на најефикасни пестициди, во оптимална комбинација, која засега дава полна заштита, а на плодот остава само минимални трагови од пестициди. Со ваков третман овошјто е здраво и погодно за пласман и на пазарите кои имаат најстрога контрола на квалитет.

Прихраната на овошјето преку листот и преку коренот се спроведува спрема потребите на секој насад поединечно, во зависност од фенофазата и спрема информациите за состојбата на овоштарникот кои апликацијата ги прибира врз  основа на извешајот од насадот или преку метео станици ( локални или индивидуално инсталирани во овоштарникот).

Предноста на дигиталниот агроном е што овозможува навремени препораки за да се испочитуваат роковите за извршување на активности во секоја фаза на растење. Благодарение на сателитските снимки парцелите кои MapMyApple ги овозможува можно е да се забележат сушните полиња и до две недели пред тие промени да ги забележи човечкото око. Прецизната временска прогнозоа испраќа  известувања за ризични услови како мраз и град.

Со MapMyApple апликацијата нема потреба и за излегување на агрономите на терен за да се утврди која болест или штетници ја нападнале јаболката. Доволно е да се активира камерата во апликацијата и за неколку секунди врз на основа на сликата дигиталниот агроном со висок процент ќе препознае успешно за што станува збор и ќе понуди третман за заштита.

Во овој период   потребно е  сите да бидеме одговорни, да го чуваме нашето здравје и здравјето на нашите најблиски а за здравјето на овоштарниците ќе се грижи дигиталниот агроном MapMyApple.

Во компанијата која ја разви апликацијата порачуваат дека овоштарите нема да останат сами во борбата за квалитетна и родна сезона и дека апликацијата ќе биде бесплатна првите 30 дена користење за сите одгледувачи на јаболка.

Апликацијата е достапна за Android и iPhone уредите и се превзема бесплатно од Google Play и App Store. За повеќе информации можете да го посетите и вебсајтот www.mapmyapple.com.

Извор: Agronews

Може да ви се допадне

Супер трик кој ќе ве воодушеви: Како на хортензиите да им ја смените бојата?
(ВИДЕО) Прихрана и заштита со МЛЕКО: Нема да ги препознаете краставиците и доматитe, оваа мешавина е како ракетно гориво за раст
Како да одгледувате зеленчук на балкон
Еве кога се откинуваат првите лисја кај доматите
Како да ги одржувате розите здрави?
Таг:Дигитален агрономМобилна апликацијаовоштарствоПоодршка за земјоделските производители
Претходен напис Земјоделци, ова се насоките за движење во полициски час
Следен напис Европа без сезонски работници, загрозено е производството – како понатаму?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?