Европските земјоделци загрижени се поради мерките кои оневоможуваат доаѓање на потребниот број на сезонски работници во земјоделството, на кои досега воглавно се засновало производството на прехранбени производи. Освен големиот број на човечки жртви кои зад себе ги остави пандемијата на коронавирусот во Италија, оваа земја е директно погодена и со недостаток на сезонски работници.
Спрема податоците на здружението Колдирети, во Италија годишно престојуваат околу 370 000 сезонски работници, најмногу од Романија, Бугарија и Полска. Оваа пролет поради настанатата ситуација нив нема да ги има па земјоделците во оваа земја се соочени со сериозен проблем и неможат да ја организираат бербата.
Сетот на италијански мерки „Cura Italia“ предвидува 100 милиони евра поддршка за земјоделските и рибарските фирми кои се принудени да го запрат производството, дополнителни 100 милиона евра за финансиска поддршка од Заедничката земјоделска политика и зголемување од 50 милиони евра во сметката на Европската помош за таму каде е најпотребно.
Во Италија поради недостиг на сезонци сериозно е загрозена сезоната на шпаргли, со што се соочуваат и германските производители. На германските производители годишно им требааат околу 300 000 сезонски работници, поради што владата одобри продолжување на рокот за работен престој на сезонските работници од 70 на 115 дена без плаќање на социјалните давачки. Исто така како што јавува Еуроактив, германската влада одлучила да го зголеми надоместокот за вработените во сезонските работи и земјоделските пензии.
Спрема податоците на германското минситерство за земјоделство, само во март во оваа земја беа потребни 30 000 сезонски работници а тој број до мај ќе се зголеми на 85 000. Минатата година во Германија се произведени 122 000 тони шпаргли. Освен шпаргли, под знак прашање доаѓа и бербата на јагодите, како и компелтната пролетна сеидба.
Во Франција моментално се отворени околу 200 000 работни места во земјоделството во недостиг на сезонски работници во Шпанија и Источна европа. Францускиот министер за земјоделство Дидиер Гуилауме повика на масовно вработување работници кои се отпуштени во други дејности среде мерките за заштита од ширење на пандемијата.
И другите европски држави ја разгледуваат можноста за мобилизација на домашното работоспособно население со цел да се надокнади недостатокот од сезонски работници.
Најдобар пример за тоа е Велика Британија. Британскиот земјоделски сектор се темели на 60 000 сезонски работници годишно, од кои оваа година се очекува дека ќе ги има само 25 %. Под предпоставка дека 20% ќе бидат заразени од корана вирусот , британското здружение за земјоделско земјиште и производстви (CLA) повикува на мобилизација на 80 000 британски граѓани.
„ Недостатокот од 80 000 работници е нешто со што никогаш до сега не сме се соочиле. Поради тоа ја повикуваме да се мобилизира „војската“ од домашни работници за да ги поддржиме земјоделците во прехранувањето земјата“ изјави претстедателот на CLA Марк Бидгеман за Forbes.
Напишете коментар