Денес во Македонија времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец кој во попладневните часови ќе засилува. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 27 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи а ќе дува и слаб до умерен ветер од југозападен правец, попладне истиот ќе засилува.
Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 27 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи а ќе дува и слаб до умерен ветер од југозападен правец, попладне истиот ќе засилува. Максималната дневна температура на воздухот ќе се искачи до околу 25 степени.
Потоа утре попладне и во вечерните часови, особено на запад ќе има локален дожд а ќе дува и умерен, на некои места повремено засилен ветер од јужен правец. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 28 степени. Врнежи на повеќе места и тоа под влијание на влажен бран ќе има во текот на ноќта кон сабота како и во сабота кога ќе има услови и за локална појава на грмежи. Во сабота исто така ќе биде малку посвежо со максимални дневни температури од 16 до 23 степени. Повторно повисоки температури ќе имаме од недела, но во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.
Временската прогноза ја подготви Славчо Попоски

