Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Интензивно се гради браната „Конско“, досега 60 отсто од изградбата е завршена
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Интензивно се гради браната „Конско“, досега 60 отсто од изградбата е завршена
Агровести

Интензивно се гради браната „Конско“, досега 60 отсто од изградбата е завршена

Објавено 03/06/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Денеска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, заедно со градоначалникот на Општина Гевгелија, Сашо Поцков, беа на локацијата кадешто во моментов интензивно се гради браната „Конско“. Изградбата на браната започна пред две години и досега согласно договорот со изведувачот, околу 60 отсто од изградбата е завршена. Се очекува до крајот на оваа година да заврши целосната изградба на браната. Овој капитален проект е финансиран од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство од Програмата за рурален развој и од буџетот за таа намена се издвоени 40 милиони евра.

Браната „Конско“ е од исклучително значење за наводнувањето на земјоделските површини од овој регион, но оваа брана истовремено има мултифункционална намена.

„Со изградбата на браната, ќе се обезбеди редовно снабдување со квалитетна вода за пиење, за наводнување на земјоделските површини, за производство на електрична енергија, но ќе значи и обезбедена вода за дотур за спас на Дојранското езеро. Браната „Конско“ ќе обезбеди вода за наводнување на нови 8.000 хектари земјоделски површини, со што наводнуваните земјоделски површини ги зголемуваме за пет пати. Изминатите години ова беше голем проблем за земјоделците и ја зголемуваше цената на земјоделските производи. Со оваа брана ќе се создадат неопходните услови за дополнителен развој на земјоделството, зголемување на производството на храна со намалени и  конкурентни цени“, изјави министерот Димковски.

Дополнително, вештачкото езеро на браната „Конско“ која се наоѓа веднаш под излетничко-рекреативниот локалитет Смрдлива Вода на Кожув, на само 20-тина километри оддалеченост од градот, претставува нова содржина во локалната туристичка понуда на Гевгелија.

Глобално, ова ќе значи зголемување на економскиот раст, животниот стандард на населението, унапредување на здравјето и квалитетот на живот на граѓаните од целиот овој крај и развој на општина Гевгелија на повеќе нивоа.

„За Општина Гевгелија оваа брана има големо значење, наводнување, развој на туризмот, обезбедување на чиста вода за пиење. Ова е најголема инвестиција во последните 50 години во Општина Гевгелија“, изјави градоначалникот, Поцков.

Водостопанството како стопанска гранка е една од клучните области, низ чиј развој се реализираат сите стратешки планови за напредок. Браните со акумулации обезбедуваат повеќенаменско искористување на водите, придонесуваат за енергетска стабилност и безбедност на храната на национално и регионално ниво и токму затоа претставуваат едни од најзначајни приоритетни инвестиции на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство наменети за развој на земјоделството.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Брана КонскоГевгелијаКонскомзшвСашо ПоцковТрајан Димковски
Претходен напис ХЕМОМЕТАЛ: ТРАКТОР – ХАТТАТ Т4110 на кредит, без учество
Следен напис Детална анализа на времето за следните денови – најпрвин топло па потоа нова промена
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?