Ресторанот во Вермланд во Шведска отиде многу далеку во угодување на гостите кои сакат да уживаат во интимна атмосфера, апсолутно безбедни од корона вирусот: Локалот се вика Bord för En (“Маса за едно лице”).

Концептот е токму тој – сопствениците, Линда Карлсон и Размус Персон измислија ресторан во кој во секој момент можат да седат само индивидуални гости, или членови на исто домаќинство.
Идејата за еден од најнеобичните ресторани на светот настанала кога на Линди Карлсон, среде пандемијата на корона вирусот, на гости и дошле родителите, занемарувајќи ги препораките за дистанцирање. Одбила да ги прими дома во страв да не ги зарази и наместо тоа им поставила маса во дворот и им служела храна додавајќи им чинии и чаши од прозорецот на куќата.

– „ Помислив дека ова искуство треба да го доживеат и други луѓе. Антисоцијалните личности, лица кои припаѓаат на ризичните групи. Ова е еден ресторан на светот во кој сосема извесно нема да заболите од ковид“, изјавила Линда Карлсон.

Во ресторанот Bord för En се служи врвна сезонска храна, вклучувајќи и кавијар од алги, пире од ѓумбир и друга храна создадена во склад со скандинавската гастрономска традиција. Менито, како што е најавен, редовно ќе се менува согласно достапноста на намирниците, а идејата е да се создаде единствено мени во кое ќе може да се ужива во кое било време од денот, од појадок до вечера. Картата на пијалок има сериозно педигре, неа ја создал Јоел Седебек, основачот на барот Тјогет, кој минатата година се најде на листата на педесет најдобри барови на светот.

Цена? Колку ќе дадете. Гостите плаќаат толку колку што мислат дека шефовите заслужуваат и потоа смаите ги оставаат чиниите во посебен сад покрај маса. После тоа, садовите се миајт два пати, а масата и столчињата се дезинфицираат пред доаќање на следниот гостин или семејство. Што се однесува до локацијата, таа е таква каква што ја создала природата и гостите мораат дбро да се намачат да дојдат до овој неверојатен ресторан кој покажува дека врвната гастрономија оваа година дожвеа неверојатна креативна трансформација.

Извор: Vinoifino
