Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Десет тимови од државава ќе развиваат идеи за заштита на земјата од климатските промени
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Десет тимови од државава ќе развиваат идеи за заштита на земјата од климатските промени
Агровести

Десет тимови од државава ќе развиваат идеи за заштита на земјата од климатските промени

Објавено 22/06/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Млади од 16 до 24 години, претстојниов викенд ќе работат на усовршување на своите идеи, како преку користење на дигиталната технологија да помогнат во заштита на животната средина, на национално и глобално ниво.

Во рамки на младинскиот предизвик GENERATION UNLIMITED – „ГЕНЕРАЦИЈА БЕЗ ГРАНИЦИ“ 2022 избрани се десетте тимови кои имаат првични идеи за заштита на планетата Земја од климатските промени преку користење на дигиталните технологии. Станува збор за предизвик, организиран од УНИЦЕФ, во соработка со Фондацијата Телеком за Македонија, а оваа година реализиран од Центарот за социјални иновации БЛИНК 42 – 21.

Претставниците на БЛИНК 42 – 21 спроведоа информативна кампања, при што беа пристигнати 39 апликации – идеи за овој предизвик, а пријавени 127 млади, од повеќе градови, на возраст од 16 до 24 години

Членовите на избраните 10 тимови на претстојната тридневна работилница (boot camp), која ќе се одржи од 24 до 26 јуни, во просториите на Телеком, ќе имаат можност да работат на унапредување на своите првични идеи. Нивните предлог – решенија ќе бидат доусовршени со поддршка од ментори – стручни лица во делот на климатските промени, животната средина и информатичката технологија.

Младите ќе имаат можност да научат како да развијат идеја, да креираат буџет и финансиски план за нејзина реализација, технички да биде дефинирана, но и одржлива на среден и долг рок. Менторите ќе ги насочат учесниците и во креирањето на маркетинг план, со цел дополнителна промоција на нивните финални решенија.

Од десетте тимови, пет ќе поминат во следната фаза, а две идеи ќе бидат избрани за да ја претставуваат Македонија на глобалниот предизвик Generation Unlimited. 

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:заштитаклиматските променитимови
Претходен напис Човечкото невнимание причина за 95 проценти од пожарите, ризик се и високите температури
Следен напис Просечната нето месечна плата во април 31.525 денари
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?