Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Министерот Димковски денеска ги врачи првите решенија за упис во регистар на производители на вино на дел од членовите на здружението Тиквешки семејни винарии
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Министерот Димковски денеска ги врачи првите решенија за упис во регистар на производители на вино на дел од членовите на здружението Тиквешки семејни винарии
Агровести

Министерот Димковски денеска ги врачи првите решенија за упис во регистар на производители на вино на дел од членовите на здружението Тиквешки семејни винарии

Објавено 07/07/2020
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Денеска во Кавадарци, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски во присуство на директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Зоран Шапуриќ, им ги врачи решенијата за упис во регистерот на производители на вино на дел од членовите на здружението Тиквешки семејни винарии, кои пред неколку дена ги поднесоа своите барања со потребната документација, во Архивата на МЗШВ.

Со измената на Правилникот за висината на надоместокот за извршените работи на Државниот инспекторат за земјоделство (ДИЗ) се олеснија условите за упис во регистарот на производители на вино на физички лица и мали винарски визби. Малите винарници со капацитет на преработка и чување на вино до 30.000 литри годишно, наместо да плаќаат 10.000 денари надоместок за регистрација сега ќе плаќаат само 1.500 денари. Оваа мерка е во согласност со Законот за државен инспекторат за земјоделствои има за цел да им овозможи на малите винарници да плаќаат понизок надоместок од оној кој го плаќаат големите винарии кои произведуваат поголеми количини и кои остваруваат голем профит.

„На барање на малите семејни винарии во чија традиција е производството на вино, изминатиов период направивме неколку измени на закони и подзаконски акти, меѓу кои е и измената на Правилникот за висината на надоместокот за извршените работи на Државниот инспекторат за земјоделство, со што се олеснија условите за упис во регистарот на производители на вино на физички лица и мали винарски визби. Токму намалувањето на трошоците за регистрација беше мотивација за многу физички лица кои во домашни услови произведуваат вино, да почнат да се регистрираат во регистарот на производители на вино, а со тоа на легален начин, можат да го пуштат во промет произведеното вино“ изјави мнинистерот Димковски.

Со оваа измена придонесовме висината на трошоците да соодветствуваaт со капацитетот за производство и чување на произведеното вино во винаријата. Малите производители на вино кои имаат семејни винарници сега се ставени во законска рамка.

Минатата недела започна поднесувањето на барања за упис во регистерот, а денеска во Кавадарци, министерот Димковски официјално им ги врачи решенијата за упис на неколкумина од членовите на здружението Тиквешки Семејни Винарии, кои први поднесоа барања за регистрација. Ова здружение има околу триесетина членови, со вкупен капацитет од над 100 тони вино годишно.

До овој момент регистрирани се вкупно 9 физички лица и едно правно лице, а оваа бројка наскоро ќе биде уште поголема.

Продажбата на вино од фарма претставува тековен тренд во светски рамки. Сите мали винарии во чија традиција е одгледувањето на вински сорти на грозје од кое во домашни услови на традиционален начин се произведува вино, со легализацијата на нивното производство ќе придонесат да се збогати   понудата на пазарот.

Сето ова за крајна цел има развој на винскиот и руралниот туризам, што пак од друга страна ќе влијае на развој на домашните мали бизниси, зголемување на земјоделското лозарско и винарско производсто. Ваквиот развој директно ќе влијае на раст на македонската економија во целост.

Може да ви се допадне

Топлотен бран во Грција, се очекуваат температури над 40 степени
На „Богородица“ и „Дојран“ за излез од државата се чека 40 минути
Состанок со производителите и со дистрибутерите за продажните и набавните цени на основните производи
Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Таг:мзшвпрвите решенија за уписрешенија за уписСемејни винарииТрајан Димковски
Претходен напис УХМР: СЕЗОНСКИ ИЗГЛЕД НА ВРЕМЕТО ЗА ЛЕТО 2020
Следен напис Упатство за електронско барање за директни плаќања 2020
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?