Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Упатство за електронско барање за директни плаќања 2020
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Субвенции > Упатство за електронско барање за директни плаќања 2020
Субвенции

Упатство за електронско барање за директни плаќања 2020

Објавено 07/07/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој денеска информираше дека започнува поднесувањето на барања за субвенции за 2020 година.

Поради корона кризата и мерките на претпазливост, се препорачува земјоделските производители електронски да го поднесат барањето, за што е изготвено УПАТСТВО ЗА КОРИСНИЦИ за постапки за спроведување на Правилникот за начинот и постапката за спроведување на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2020.

Проверки пред поднесување на барање

Пред поднесување на барањето потребно е да ги направите следните проверки, односно ажурирања во соодветните регистри:

  • Проверка на евидентирани лични податоци во Единствениот регистар на земјоделски стопанства кој се води во подрачните единици на Министерството (ЕРЗС); и
  • Проверка на евидентирани податоци во Регистарот за идентификација ирегистрација на домашни животни во ветеринарното друштво со кое сточарот има склучено договор.

Поднесувањето на барањата за мерките по површина се врши врз основа на податоците во ЕРЗС и СИЗП (систем за идентификација на земјишни парцели) со состојба на 30 јуни 2020 година. За упишаните парцели по овој рок нема да се исплаќаат директни плаќања за 2020 година.

Поднесувањето на барањата за говеда, овци и кози се врши врз основа на податоците во Регистарот за идентификација и регистрација на домашни животни на денот на поднесување на барање.

Регистрација и најавување

Регистрација во системот се врши преку веб страната на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk со избор на делот „Директни плаќања е-барање“.

За помош при поднесување на електронското барање (е-барање) можете да се обратите во подрачната единица на Министерството и во Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството.

Детално упатство со слики на следниот линк:

Упатство за електронско барање 2020

Имате уште една можност преку „Триумф косалтинг“ – приватна консултантска фирма, да поднесете барање за субвенции. Повеќе информации на телефон – 072 251 – 263

Може да ви се допадне

Европското јавно обвинителство покрена обвинение против четворица грчки пратеници за скандал поврзан со субвенции од ЕУ
Хоџа во Собранието: По усвојувањето на ребалансот започнува исплатата на субвенциите, апликациите за 2026 година наскоро ќе бидат отворени
(ВИДЕО) Протест на земјоделците од Пелагонија: Субвенции нема, откупот закочен, очекуваат поддршка од државата
Соопштение: Подготвителни активности за отпочнување на процесот за успешно поднесување на барања за субвенции
ИСПЛАТЕНИ СУБВЕНЦИИ ЗА ТУТУН: На 15 144 тутунари, исплатени 2 028 714 243 денари
Таг:2020барањакорисницимеркисубвенции
Претходен напис Министерот Димковски денеска ги врачи првите решенија за упис во регистар на производители на вино на дел од членовите на здружението Тиквешки семејни винарии
Следен напис НФФ: Прв земјоделски зум Форум „Земјоделството и Корона кризата“
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?