„Христос се роди, навистина се роди“
Овој поздрав го користат православните христијани, кои го празнуваат највеселиот православен празник, Божик, денот на Христовото раѓање. Целта на овој празник е да се поврзат луѓето со Бога и со своите најблиски. Да поминат квалитетно време заедно и да го прослават Христовото раѓање.
Ова се старите обичаи и верувања поврзани со овој голем христијански празник, кои се пренесуваат од генерација на генерација.
Ако на Божик врне, се верува дека ќе вроди со плод сè што ќе биде копано со мотика.
Во некои краеви веруваат дека ќе има многу мед во текот на годината ако бадникот фрла искри сам од себе.
Пред јадење домаќините истовремено треба да ги соблечат чевлите бидејќи се верува дека поради тоа жените побрзо се породуваат, кравите се телат, а овците се објагнуваат.
Во некои краеви се верува дека божиќната свеќа не треба да се гаси со дување, туку со леб натопен во вино.
На Божик човек не треба да се опие бидејќи се смета дека ќе биде пијан цела година.
Сè што ви задавало мака преку годината, треба да го направите утрото на Божик и тоа веќе нема да ви биде проблем.
На Божик треба да се прават работи кои инаку не ни одат од рака, да можеме полесно да ги совладуваме во текот на годината која стигнува.
На Божик не треба да се позајмува ништо на никого, така цела година работите нема да се изнесуваат од дома.