Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Далматинските винари проценуваат дека продажбата оваа година ќе биде двојно намалена
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Пазари > Далматинските винари проценуваат дека продажбата оваа година ќе биде двојно намалена
Пазари

Далматинските винари проценуваат дека продажбата оваа година ќе биде двојно намалена

Последна измена: 21/04/2020 13:37
Сподели
4 мин. за читање
Сподели

Моменталната ситуација предизвикана со пандемијата на корона вирусот, која директно го погоди туристичкиот сектор, се одразува и на енологијата и гастрономијата а негативниот ефект на затворени угостителски објекти се преслика и врз производството на вино и винарството, истакнува Хрватската земјоделска комора.

Пријавеното производство на грозје и вино во Сплитско- далматинската жупанија, според последните податоци од Виногардскиот регистар на Агенцијата за плаќање во земјодлеството, рибарството и руралниот развој, изнесува скоро пет илјади тони грозје и нешто помалку од 30 илјади хектолитри вино, од кое една третина е во категоријата врвни вина.

Во прашање е работењето и ликвидноста

Голем број хрватски винари живеат од пласманот на виното во хотелите и рестораните, а актуелниот пад на продажбата и потрошувачката на вино во тој дел го доведе во прашање работењето и ликвидноста на далматинските, но и на сите хрватски производители на вино. Извозот на вино застана, онлајн продажбата односно интернет трговијата на вино е недоволна па многу винари, со кредитни обврски, загрижено се прашуваат како и каде понатаму.

Винотеките и дегустационите соби кои се во склоп на вианриите и кои миантите години по пат на организирани туристички посети осигуруваа постојан прилив на пари за тековни потреби, сега стојат празни, додека винските манифестации во Хрватска и во светот се одложени за во иднина. А без промоција нема ни продажба.

Хрватската земјоделска комора поттикнува, поддржува и спроведува бројни активности кои придонесуваат за засилено, конкурентно и подобро пизиционирање на виното од овде на светската винска сцена. Според зборовите на претседателот на на ХЗК – Жупаниска комора Сплит, Јозе Томаш, Жупаниската комора Сплит, била активно вклучена во организацијата, односно давала поддршка на винските манифестации на сплитското подрачје кои традиционално се одржуваат овој период. Тоа се Фестивалот „Вино Далмација“,„ Вински подрум“ и „Wine Vip Event“, кои поради актуелната ситуација се откажани или одложени.

Предсезоната пропадна, а престојната сезоната неизвесна

Ова е период во годината со интензивна работа во лозовите насади кога се осигурува производство на грозје за новото вино и се вложува во механизација, заштита, ѓубрење и адруги агротехнички мерки и сезонска работна сила, на која треба сега да и се обезбедат дозволи за движење до местото на работа и пропишани сигурносни- хигиенски мерки.

Далматинските винари здружени во регионалното Здружение „Вино Далмација“ во Хрватската земјоделска комора – Жупаниска комора Сплит, кое ги собира водечките винарии од четири далматински жупании, свесни се дека од предсезоната нема ништо, со голема неизвесност кога станува збор за туристичката сеозна. 

„Минатата година во првите шест месеци биле испорачани околу 50% од вкупните количини на виното во ХОРЕКА секторот, а сега тоа го нема, нема нови нарачки па дури и пред кризата договорениот извоз беше сторниран или намален и до 70%“, истакнува претседателот на Здружението Вино Далмација“, Ивица Ковачевиќ .

Свесни дека продажбата на вино во 2020 година ќе биде барем двојно помал во споредба со предходната година, далматинските винари по пат на ХЗК дадоа свој придонес во предлог мерки за Владата на Република Хрватска за ублажување на штетите од корона вирусот. Винарите сметаат дека за надминување на настанатите потешкотии во лозаро-винарскиот сектор потербно е носење на долгорочни мерки за репрограмирање на постоечките кредити, осигурување на обртни средства за финансирање на тековното производство, намалување на ДДВ на виното за да може ниската продажна цена да влије на подобра продажба и итната исплата на сите планирани поддршки и субвенции кои исто тка би помогнале на тековното но и за идното производство на грозје и вино.

Може да ви се допадне

Советник на Трамп: Британците ќе обожаваат хлорирано пилешко и говедско месо со хормони
Трипуновски: Околу 13.000 тони македонско јаболко извезено во првите два месеци оваа година
Цени на производите на КВАНТАШКИ ПАЗАР – Скопје: Домати 80 денари, пиперки 160 денари за килограм
Трамп воведе ЦАРИНА за Македонија од 33% – ова е целосната листа
Трипуновски: Во наредните десетина дена минималната откупна цена на пролетната зелка да изнесува 40 денари, предложија откупувачите
Таг:виноДалмацијаХрватскаХрватски винари
Претходен напис Димковски: Наскоро исплатa на субвенции за млеко и други дополнителни мерки
Следен напис Пачешкоски: Имаме примено пријави на околу 1000 млади земјоделци кои првпат ќе произведуваат тутун
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?