Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

Пачешкоски: Имаме примено пријави на околу 1000 млади земјоделци кои првпат ќе произведуваат тутун


Тутунарите од Прилеп, Долнени и Кривогаштани во редици пред банките трпеливо ги подигнуваа субвенциите за тутунот од ланската реколта.

Тие, како што велат, се дојдени навреме затоа што почнаа работите во полето за новата реколта тутун. Единствено се загрижени како ќе биде со вонредните ситуации и ангажманот на аргати за работа во полето.

Според Зоран Пачешкоски, раководител на подрачната единица на Министерството за земјоделство во Прилеп, од преку 30 милиона евра субвенции за македонските тутунари, околу половината се за тутунарите во Прилеп, Долнени и Кривогаштани.

-Од преку 30 милиона евра за субвенции, над 14 милиона евра се за преку 10.000 тутунари во Прилеп, Долнени и во Кривогаштани. Ги замолувам тутунарите за трпение поради вонредните состојби за подигнување на субвенциите. Денеска е според азбучен ред, први се оние кои презимињата им почнуваат на А, Б, В, Г и Д, изјави Пачешкоски.

Во тек е расадопроизводството и склучувањето договори со откупувачите за новата реколта тутун. Интересот е зголемен за 10-ина проценти и тоа кај младите земјоделци.

– Досега имаме примено пријави на околу 1000 млади земјоделци кои првпат ќе произведуваат тутун. Лани имаше околу 7.500 хектари со тутун, годинава очекуваме за 500 хектари повеќе. Тутунопроизводството моментално, е исплатливо. Инаку, од подрачната единица се подигнуваат решенија, а со откупувачите тутунарите склучуваат договор, истакна Паческоски.

Ланската реколта беше тешка околу 26.000 тони со просечна цена од 220 денари за килограм. Поради високиот квалитет, просечната субвенционирана цена е 72 денари за килограм откупен тутун.

Апр 21, 2020agrotim1
Далматинските винари проценуваат дека продажбата оваа година ќе биде двојно намаленаСо ангажман на Министерството за земјоделство во Струмичко откупени 40 тони пролетна зелкa

Напишете коментар Откажи одговор

21/04/2020 Растително производствоsubvencii, Млади земјоделци, пријави, тутун999

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Изработка на апликации за ИПАРД и ФИТР

За информации и изработка на апликации за јавните повици на ИПАРД и Фонд за иновации и технолошки развој:

Phone: 071 285 385

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019