Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во ХС „Злетовица“ ќе се инвестираат повеќе од 40 милиони евра
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во ХС „Злетовица“ ќе се инвестираат повеќе од 40 милиони евра
Агровести

Во ХС „Злетовица“ ќе се инвестираат повеќе од 40 милиони евра

Објавено 05/05/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Повеќе од 40 милиони евра ќе се инвестираат во ХС „Злетовица“ – проект со кој ќе се обезбеди вода за пиење за околу 100.000 жители од неколку општини во источниот регион, но ќе се реши и долгогодшиниот проблем со наводнувањето на 3.500 хектари земјоделско земјиште во општина Пробиштип.

Како што истакнаа денеска вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа по увидот на зафатната градба за водоснабдување на Штип, Свети Николе, Лозово и Карбинци, КОВИД-пандемијата предизвика пречки во реализацијата на проектот, но не и негово стопирање.

Во ХС „Злетовица“ ќе се инвестораат преку 40 милиони евра. Засега нема прецизна временска рамка кога ќе се финализираат работите, но изградбата е почната, тече и се одвива во три фази: водоснабдување, наводнување и енергетика.

-Првата фаза предвидува стабилно снабдување со вода за пиење на околу 100.000 жители во општините Пробиштип, Штип, Карбинци, Лозово и Свети Николе. Во моментов вода за пиење од овој систем користат општините Пробиштип и Свети Николе. Во 2019 година, со поддршка на нашата и словенечката Влада беа инвестирани 1,2 милиона евра со што се овозможи проток на питка вода од 100 литри во секунда, рече Битиќи и нагласи дека се планирани дополнителни 6,5 милиони евра за квалитетно водоснабдување на останатите четири општини.

Во тек се, информира вицепремиерот, и градежните активности за зголемување на капацитетот на водоснабдување на Штип на 300 литри во секунда кои треба да завршат во септември годинава, како и активностите за обезбедување проток од 40 литри во секунда во општина Карбинци.

-За општините Лозово и Свети Николе се почнати тендерските постапки и набрзо ќе се избере изведувач на работите – додаде Битиќи.

Втората фаза од проектот, за обезбедување вода за наводнување, е проценета на околу 26 милиони евра. Средствата ќе бидат обезбедени преку поволен заем за кој државата веќе преговара со Европската инвестициска банка (ЕИБ).

Министериот Хоџа се надоврза, истакнувајќи дека клучна улога во целиот овој проект имаат и чистите канали за наводнување.

-На нас останува обврската сите заедно да се вложиме за проектот поскоро да дојде до завршната фаза. Тешко е, панедмијата дополнително ги забави работите, но ние остануваме посветени на нашата цел. Со првата фаза од ХС „Злетовица“ за општините Штип, Свети Николе, Пробиштип, Злетово, Кратово, Лозово и Карбинци ќе се обезбеди континуирано снабдување на безбедна и питка вода. Втората фаза е од исклучително значаење за земјоделците и економијата и со неа ќе се реши долгогодишниот проблем со континуираното обезбедување доволни количини вода за одржување на земјоделлските површини во Пробиштип – истакна Хоџа.

Битиќи и Хоџа кои пред увидот во активностите се сретнаа и со градоначалниците на Пробиштип и на Свети Николе, Драган Анастасов и Сашо Велковски, како и со директорот на ЈП за извршување на водостопански услуги „Хидросистем Злетовица“, Миле Илиевски, уште еднаш нагласија дека Владата континуирано работи на подобрување на условите за живот, а врвен приоритет, потенцираа, е рамномерниот регионален развој.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:Злетовица
Претходен напис Дали шише вино што поминало 14 месеци во вселената може да се продаде за еден милион долари?
Следен напис ЗПВ Николовски: 90 проценти од правните лица го пријавиле вистинскиот сопственик во законскиот рок, во секоја компанија се знае кои се вистинските сопственици
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?