Користењето пластика без дополнителна заштита не е решение и може да направи повеќе штета отколку корист. Земјоделските експерти и професионалните градинари предлагаат пристап од неколку агли за заштита на растенијата од смрзнување.
Во продолжение можете да дознаете кои се овие техники.
Искусните градинари користат неколку техники за заштита на растенијата во нивните градини во најстудениот период. Можеби некои ви се познати, а некои добро ќе ви се најдат во овој период.
Вода и малч
Бидејќи влажната почва подобро ја задржува топлината отколку сувата, се препорачува растенијата да се наводнуваат наутро, но избегнувајте водата да се најде на листовите бидејќи ќе замрзне. По наводнување, нанесете дебел слој малч над земјата околу растението, најмалку 5-6 см. Ова ќе помогне да се изолира почвата и да се заштити коренот од смрзнување. Водата и малчот може да бидат сè што е потребно за поголемите, потешки растенија.
Прекривки
На многу нежни повеќегодишни растенија во градината им е потребна дополнителна помош кога ќе дојде мразот. Растенијата можете да ги покриете со разни видови прекривки, но најчести препораки се агрил фолии. Таа е термички обработена и претставува квалитетна топлинска бариера, а може да послужи и како заштита од инсекти и птици.
Заштита од студен ветер
Некои градинари градат бариери од студениот ветер околу растенијата, особено кај розите, со помош на жица за оградување на кокошарници. Прво дрвените столбчиња се забиваат во земјата околу растението, при што тие мора да бидат повисоки од растението. Жицата се завиткува во два реда, се поврзува, а меѓупросторот се полнат со суви листови. Како што дрвените столбови излегуваат над жицата, се поставува прекривка и се поврзува со столбовите. На овој начин, прекривката исто така го штити растението, но не го допира бидејќи колците се над неговата висина.
Оштетување од мраз
И покрај најдобрите намери, секогаш може да дојде до оштетување од мраз. Во тој случај, важно е да одолеете на искушението да го измиете мразот од листовите со вода и да го оставите да се стопи сам.
Користете ножици за кастрење за да ги отстраните оштетените лисја и оштетените зелени стебла, но сè уште не ги допирајте дрвенестите делови. Почекајте до пролетта за да ги исечете оштетените дрвенести делови до зелениот, неоштетен дел.
