Пазарот на ѓубрива бележи силен раст на цените на почетокот на јануари, а аналитичарите предвидуваат дека овој тренд ќе продолжи поради глобалната динамика, високите трошоци за суровини и ограничената понуда во Европа, пишува Agrarheute.
Минатонеделното поскапување се уште се одразува на пазарот, а се очекуваат натамошни поскапувања, најмногу поради состојбата со меѓународниот пазар на уреа.
Високи цени на природниот гас и уреата
Природниот гас и понатаму е скап (46 евра/MWh), додека слабото евро (1,03 за долар) го поскапува увозот од надвор од Европа. Високите цени на уреата минатата недела ја забавија побарувачката кај трговците и земјоделците. Меѓутоа, доколку нема дополнително зголемување на цената на уреата, производителите ќе имаат потешкотии да одржат високи продажни цени на другите азотни ѓубрива, сметаат дел од трговците со ѓубрива.
Дополнителен предизвик за пазарот на вештачко ѓубриво доаѓа од Индија, која по неуспешен обид да ги обезбеди потребните количини, распиша нов тендер за уреа. Обезбедени се само 200 илјади тони, иако се очекуваа значително поголеми количини. Во исто време, трговците на мало во Европа, Северна Америка и Азија ги зголемуваат залихите, дополнително затегнувајќи ја ограничената понуда.
Во исто време, на европскиот пазар има релативен недостиг на азорски ѓубрива, бидејќи многу производители на ѓубрива во ЕУ или го прекинаа или значително го намалија своето производство на нитрати поради неекономичните цени на суровините.
Во моментов КАН се продава за 370 евра за тон, што е за 23 евра повеќе од крајот на минатата календарска година, уреа по 525 евра за тон, што е за 75 евра повеќе од крајот на декември. Сега калиум хлоридот чини 325 евра за тон, а дијамониум фосфатот (ДАП) 672 евра – и двете цени се повисоки од крајот на минатата година.
Оваа комбинација на ограничена понуда, висока побарувачка и зголемени трошоци за производство доведува до континуирано зголемување на цените на пазарот на ѓубрива.