Цените на евро дизелот и на евро премиум бензините БМБ 95 ќе бидат ограничени и во наредните шест месеци, утврди Владата на Србија во усвоената уредба. Цената на дизелот за земјоделците останува непроменета. Владата на Србија во четвртокот донесе нова регулатива со која административно се утврдуваат највисоките малопродажни цени на горивата во период од шест месеци, пренесува Н1.
Начинот на утврдување на цените останува ист како и досега, а бензинските пумпи можат да ги зголемат за 16 динари утврдените просечни големопродажни цени на евро дизелот и евро премиум БМБ 95 бензинот, што беше случај досега. Останува ограничена и цената на дизелот за земјоделците, 179 динари, колку што важи според постојната регулатива.
„Нафтената индустрија на Србија, на своите станици за набавка на транспортни средства, со употреба на картички издадени на регистрирани земјоделски стопанства, ќе го пушти на пазарот дериватот на евро дизел по максимална малопродажна цена од 179 динари за литар- објави Данас.