Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Дали мешовитите култури постигнуваат подобри приноси дури и во сушни услови?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Растително производство > Дали мешовитите култури постигнуваат подобри приноси дури и во сушни услови?
Растително производство

Дали мешовитите култури постигнуваат подобри приноси дури и во сушни услови?

Објавено 14/07/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во својот експеримент научниците тестирале смеси на осум култури, вклучувајќи и пченица, овес, киноа, леќа, лупина, лен и коријандер.

Истражувачкиот тим кој го водеше професор Кристиан Шоб од институтот ETH од Цирих открива дека мешовитите култури даваат многу поголем принос од монокултурите, пишува Future farming, повикувајќи се на студија објавена во списанието Nature Plants.

За да откријат, истражувачите спровеле испитувања на две полиња на тестирање. Едно во Швајцарија, а друго во Шпанија, која има многу сушна и потопла клима. Тоа им овозможило да испитаат како растат посевите во сѐ попредизвикувачки услови кои се последица на климатските промени.

Во својот експеримент научниците тестирале смеси на две или четири различни култури избрани меѓу осум видови, вклучувајќи пченица, овес, киноа, леќа, лупина, лен и коријандер. Растенијата се засеани на растојание од 12 см во редови и тоа наизменично.

Колку повеќе култури има на иста парцела, приносот е поголем?

После тоа истражувачите ја споредувале масата на семето на мешовитите со оние кои растеле како монокултура, а ја мереле и биомасата на основа на нивниот раст. Во споредба со одгледувањето на монокултурата, дури и мешавината на два вида го зголемила приносот за три проценти во Швајцарија. Таму каде што се сеени четири видови еден до друг, порастот на приносот изнесувал дури 13 проценти во Шпанија, односно 44 проценти во Швајцарија.

Научниците појасниле дека овој дополнителен принос првенствено се сведува на дејството на биолошките разновидности. Имено, повеќе видови резултирале со подобро користење на расположливите ресурси и поделотворна природна контрола на штетници, а треба да се нагласи дека сите експерименти се спроведени без пестициди.

Истражувачите исто така забележале дека растенијата во парцели со мешовито одгледување развиле повеќе лисја и стебла. Со други зборови, вложиле повеќе енергија и состојки во производство на вегетативна биомаса, а пропорционално помалку во порастот на семето.

„И покрај тоа и понатаму прозведувале повеќе во мешовито одгледување“, појаснува Шоб.

Треба да се прилагоди семето, но и машините

Фактот дека растенијата вложиле повеќе енергија во создавање на вегетативна биомаса, овој научник го препишал на сортите кои се користени во експериментите.

„Семето е наменето за монокултурно одгледување. Тоа значи дека растенијата најдобро успеваат меѓу оние од иста сорта“, напоменува. Исто така, смета дека потенцијалот за дополнителен принос е поголем кај онаа прилагодена мешавина.

Како што моментално стојат работите, тоа сѐ уште не се произведува и не се продава посебно за таа намена.

„Сакаме да ги повториме своите експерименти користејќи го само она кое сами сме го произвеле во здружени посеви како би можеле да тестираме дали селекцијата во мешовитите ќе вроди со плод“, напоменува Шоб.

За ваквото производство да заживее потребна е промена на земјоделската пракса. Помеѓу останатото, би требало да се адаптираат машините истовремено да берат различни посеви.

„Тие постојат, но малку се и скапи се. Засега е и премала побарувачката за нив“, заклучува Шоб.

Извор: agroklub.com

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Кисачките јагоди – Привизер се едни од најпознатите во Нови Сад, продажбата се врши директно „од камион“ и на самата плантажа
Инвестиција од 5.000 евра и шест пати поголема добивка: Производството на лук во Србија станува сè попрофитабилно
Одгледување на малини – како да постигнете стабилен и висок принос
Закрепнување на ВИНОВАТА ЛОЗА по период на доцни пролетни мразеви
Култивирано одгледување на ароматични, зачински и лековити растенија: Одржлива и доходовна можност за современо земјоделство
Таг:мешовити култури
Претходен напис Залихите на нафта се очекува да се намалат, цената се зголеми на 76 долари
Следен напис Русија оваа сезона ќе извезе историска количина на житарки – дали се враќа на тронот?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?