Греењето на оранжериите оваа зима ќе биде прескапо за некои одгледувачи ширум Европа.
Така, во Холандија има повеќе од 10.000 хектари оранжерии во кои се одгледува зеленчук во текот на целата година. Сега, со овие цени на природниот гас, неисплатливо е да се произведуваат некои култури, бидејќи цената за затоплување на оранжериите ќе биде 60% повисока од минатата зима.
Одгледувањето зеленчук во заштитен простор е широко распространето во Холандија, но цената на природниот гас од 1.200 американски долари за 1.000 кубни метри ги „фрла“ сите пресметки во вода. Стотици хектари оранжерии оваа сезона ќе останат без домати, пиперки, јагоди…
За да се загреат тие 10.000 хектари заштитен простор, потребно е да се набават (и платат) 3 милијарди кубни метри годишно – тоа е една дванаесеттина од вкупната потрошувачка на гас во Холандија.
Дали тоа ќе ги натера градинарите уште сега да започнат со производство на расад пред да дојде „вистинската“ зима?
Но ова сепак може да биде предност за некои производители. На пример, во Унгарија, големи површини под оранжерии се загреваат со системи кои користат термална вода. Исто така во Шпанија, повеќето оранжерии не се загреваат во текот на зимата, бидејќи нема потреба од тоа, поради климата во медитеранскиот регион.
Како градинарите успешно ќе се прилагодат на скапите извори на енергија? Еден начин е греење со остатоците од бербата и жетвата. Соината слама е добар избор, бидејќи е можно да се соберат доволно бали за централната печка. По жетвата на сончогледот, исто така, можете да формирате бали или да формирате брикети што доволно ќе ја загреат оранжеријата.
