Кога биле направени првите плугови и трактори? Кога се појавило земјоделството? Ова се само некои од прашањата на кои можеби не го знаете одговорот. Наидовме на некои интересни информации за земјоделството кои ви ги пренесуваме.
1. Земјоделството започнало во 10.000 п.н.е. за време на Првата земјоделска револуција, кога номадските племиња започнале да се занимаваат со земјоделство. Освен тоа, тогаш за прв пат се појавуваат 8 т.н. “основни култури”: пченица, јачмен, граор, леќа, грашок, наут и лен.
2. Земјоделците се оние кои ја произведуваат храната која им е потребна за преживување на дневна основа. Тие ја одгледуваат количината на храна која им е потребна на нив и нивните семејства. Храната која тие ја произведуваат не е наменета за понатамошна продажба на пазарот.
3. Овошјето се појавило “дури” околу 6000 и 3000 години п.н.е., а првите видови кои почнале да се одгледуваат биле смоквите
. 4. Плуговите биле направени на Блискиот Исток кратко време набргу по појавувањето на земјоделството. Првиот плуг бил наречен ард и бил направен од наострени гранки од дрвјата. Плугот се наведува како еден од најважните пронајдоци за напредокот на општеството.
5. Во 644 година, арапските научници развиле ветерници за наводнување. До 1.000 година, Арапите воведуваат и ѓубрива за збогатување на почвата.
6. Тракторот бил направен во 1880-тите за влечење на плугови. До 1920-тите години биле развиени мултифункционални модерни трактори. Со разни додатоци, тие се користат за орање, садење, обработување, жетва и транспорт на тешка опрема.
7. Само во САД има повеќе од 2,2 милиони фарми.
8. Бананите се број еден овошје во светот. Тие се четврта култура после пченицата, оризот и пченката. Индија одгледува повеќе банани од која било друга земја, по што следат Филипините, Кина и Еквадор.
9. Денес земјоделците произведуваат 262% повеќе храна со 2% помалку инвестиции (како семиња, труд, ѓубрива) отколку што тоа го правеле во 1950 година.
10. Пчелите опрашуваат повеќе од 100 земјоделски култури.