Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Дали Европа ќе увезува повеќе пченка од Америка?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ЕУ > Дали Европа ќе увезува повеќе пченка од Америка?
ЕУ

Дали Европа ќе увезува повеќе пченка од Америка?

Објавено 26/11/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Производството на лебна пченица во Европската унија се очекува нагло да се зголеми следната година по подобрувањето на времето, според Strategie Grains. Во првичните прогнози за жетвата 2025-2026 година. аналитичарите очекуваат сеидбата на пченица да се зголеми за еден милион хектари, или околу 5%, од 20,4 милиони хектари ожнеани оваа сезона.

„Посувите услови во последниве недели им овозможија на земјоделците во Западна Европа да постигнат добар напредок во сеидбата, додека во југоисточните земји-членки на ЕУ враќањето на врнежите се покажа како спaс“, коментираат од „Strategie Grains“.

Подобрувањето на временските услови ги намали стравувањата од повторување на минатогодишната ситуација, кога поројните дождови доведоа до остар пад на производството на пченица во делови од западна Европа, вклучително и Франција. Сепак, агенцијата предупреди дека тешкиот почеток на сеидбата веќе влијаел на потенцијалот за принос на пченицата.

Површината со јачмен во ЕУ се предвидува да падне за 250.000 хектари од 10,3 милиони хектари оваа година, што е пад од повеќе од 2%, додека површината на ЕУ со пченка ќе изгуби 6% од 8,7 милиони хектари оваа година.

Очекуваниот пад на јачменот и пченката го одразува планираното проширување на површините со пченица, стои според Strategie Grains. За тековната кампања, експертите ја оставија својата проценка за реколтата на обичната пченица во ЕУ непроменета на 12-годишно најниско ниво (114,4 милиони тони), по поројните дождови во текот на периодот на одгледување. Компанијата незначително ги намали своите прогнози за посевите на пченка и јачмен во ЕУ за 2024/25 година, определени соодветно  на 58 милиони и 50,5 милиони тони. Очекуваната реколта од пченка е за речиси 8% помала од минатата година, поради штетите предизвикани од сушата и топлината во југоисточна Европа. Во меѓувреме, производството на јачмен е зголемено за повеќе од 5% од 12-годишниот минимум постигнат во 2023 година, но останува под просекот од последните години.

Според Strategie Grains, ЕУ ќе има сериозно ограничени залихи на пченица и јачмен на крајот на сезоната по овие неуспеси во производството и очекуваниот пад на увозот од Украина. Снабдувањето со пченка би требало да биде пообилно поради големите залихи од минатата сезона, иако помалите количини во Украина ќе ја принудат ЕУ да увезува повеќе пченка од Америка, се вели во извештајот на агенцијата.

Може да ви се допадне

Над 40 милиони евра се префрлени на 9.565 земјоделци во рамките на еко-шемата за зачувување на потенцијалот на почвата
Од 1 јули дополнително намалување и целосно усогласување на царинските стапки со ЕУ за 70 суровини и репроматеријали што се користат во домашната индустрија
Албанија напредува во преговорите со ЕУ – Рама и Кос: Европската интеграција влегува во одлучувачка фаза
ЕУ го казни „Тему“ со 200 милиони евра заради нудење и пласирање нелегални производи
Просечната работна недела во ЕУ е 35,9 часа, во Македонија 39,5
Таг:европаеупазарувоз
Претходен напис Соработка на Србија, Северна Македонија и Црна Гора во процесот на пристапување во ЕУ
Следен напис Ведро и студено, преку денот сончево
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?