Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Да останеме на село и да живееме од земјоделството, беше нашата најпаметна одлука!
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Да останеме на село и да живееме од земјоделството, беше нашата најпаметна одлука!
АгровестПредлог бизнис

Да останеме на село и да живееме од земјоделството, беше нашата најпаметна одлука!

Последна измена: 01/02/2020 14:31
Сподели
8 мин. за читање
Сподели

„Од  моето, сега веќе долгогодишно искуство, сметам дека се соочуваме со проблем кој е вкоренет во човековата свест – ние сме луѓе кои се откажуваат од својата работа  пред навистина да се обидат да направат  нешто повеќе“- вели Марио Павловиќ, кој  живее во Славонија и заедно со сопругата Анкица и децата не се откажуваат од земјоделството .

 После седум години живеење како подстанари, менување на земјоделските дејности, како на пример започнале со одгледување на свињи, продожиле со одгледување на пченица и други житни кутури  па се до производство на зеленчук, на Марио и Анкица Павловиќ, конечно им се исплатил трудот и упорноста. Пред неколку месеци, тие се преселиле во сопствен дом.  Мала семејна куќа  опокружена со цвеќиња и изградена  во незагадена природа  во која нивните деца, деветгодишната Викторија и седумгодишниот Карло, растат буквално дишејќи со полни гради чист воздух.

 „Со земјоделство се занимавам од 2003 година. Започнав со одгледување свињи, имав 30 маторици, но се откажав поради големите проблеми со наплатата. Потоа започнав да одгледувам пченица, маслодајни култури и шеќерна репа , но и од ова производство, едноставно не можев да ги покријам сите трошоци како што се   придонесите за пензиско и здравствено  осигурување,  даноците и др. Покрај  тоа што не остварувавме доволно профит сфативме дека немаме ни доволно работа, па затоа мојата сопруга и јас, допонително  почнавме да одгедуваме и зеленчук, така што сега имаме работа во текот на целата година. Конечно сега  сме задоволни, со дополнителното производство на  домати, компири, зелка, грав, грашок, кромид, остваруваме многу подобар приход од оној што го имавме само од производството на житни култури “,- велат Марио и Анкица Павловиќ, кои  во последните денови од јануари работат на нивите со полна пареа, за да можат  на нивните редовни муштерии навреме да им обезбедат доволно зеленчук.

Одлуката да останат на село, за нив и нивните деца, била навистина добар потег велат тие, особено сега кога слушаат загрижувачки податоци за загадениот воздух во градовите.

 Ние сме младо семејство, веќе живееме во своја куќа и сме сами свои шефови!

„Надеж за подобро утре ни дава и тоа што сè повеќе луѓе  бараат домашни и здрави производи со традиционаен вкус и мирис. Тоа е основната причина поради која  сè што произведуваме лесно го продаваме од својот куќен  праг. Со ваквата продажба во голема мера заштедува време, но исто така ги намалува  и трошоците, што ни овозможува да им понудиме на нашите клиенти свежи производи по цени многу пониски одколку во продавниците “, вели овај симпатичн пар од Славонија.

 Тие денес, на вкупно 80 хектари  произведуваат житни култури, маслодајни култури,  и зеленчук. Како дел од нивното земјоделско стопанство,  имаат и органско производство и преработуваат  зеленчук. Иако механизацијата им е стара, повеќе од дваесет години, успеваат сами да ги поправат машините, но и да патентираат необични алати,  па така  правосмукалката им служи како „машина“ за вадење на семките.

За закуп на државно земјиште чекаат  скоро 20 години

Иако е оптимист, Павловиќ посочува дека земјоделството е бизнис со висок ризик и со многу проблеми. “Голем проблем што сè уште не успеавме да добиеме државно земјиште. За тоа чекаме  веќе 17 години. Поради овој  проблем не можеме да користиме ниту  средства од фондовите на ЕУ. Кога започнав  да се занимавам со земјоделство, имав 25 години, сега имам 39 години и веќе за една година повеќе нема да припаѓам на групата млади земјоделци. Се уште немам изнајмено ниту  хектар државно земјоделско земјиште, а токму долгорочниот закуп на државното земјиште, за 50 години, е она што создава основа за долгорочни инвестиции во производството. Се надеваме дека нашиот труд, и резултатите кои ги постигнуваме некој наскоро ќе ги препознае и ќе ни даде ветер во грбот “, вели Марио.

Сепак ја искористиле помошта што  Општина Врпоље им ја дала на сите млади семејства кои ги исполнувале условите, и им доделила неповратни средства за купување, адаптација или реновирање на куќа, во висина до 30 000 куни, што за нив била од голема помош.

Инаку земјата која сега ја обработуваат зеле под наем за 5 години, од приватни лица по цена од дури 800 куни за хектар.

 Овие млади луѓе исто така се соочуваат и со недостиг на работна сила „Имаме работа, обезбедивме пазар, но како и сите други, имаме проблем со работната сила, која ја има се помаку  и помалку. Проблемот не е само во тоа  што луѓето заминуваат, туку и тоа што многумина едноставно не сакаат да работат. На пример, ни требаше помош при собирањето на компири, и на работниците им понудивме 25 куни на час, плус осигурување и едвај најдовме пет жени. Врз основа на моето огромно искуство, верувам дека се соочуваме со проблем кој е вкоренет во човековата свест – ние сме луѓе кои ги напуштаат своите работни места , пред навистина да се обидат да сторат нешто. Нашето мало семејство, мојата сопруга, мојата деветгодишна ќерка Викторија, мојот седумгодишен син Карло и јас навистина уживаме во секој плод што го бериме и  во природата што нè опкружува“, вели Марио

„Ние ги воспитуваме децата така што не им наметнуваме ништо , и додека многу родители во градовите ги смируваат своите деца со давање на мобилни телефони уште од рана возраст, ние не форсираме да растат со технологија, туку во баланс со природата, а резултатот е живот без стрес. Ова е непроценливо и затоа се надеваме дека ќе можеме својата љубов кон татковината и кон  земјата од која што живееме , да им ја пренесеме на нашите поколенија. За да ги мотивираме да не одат во странство,  се обидуваме да им докажеме дека упорноста и работата можат да создадат основа за квалитетен живот, овде каде што се родени “- порачуваат Марио и Анкица Павловиќ, кои всушност се сопственици на една од само четирите преостанати фарми во селото каде што живеат, чии носители на земјоделските стопанства се луѓе помлади од 40 години, и кои сериозно се занимаваат со земјоделство.

Извор:Агроклуб.рс

Може да ви се допадне

Од кисела зелка до сливи во чоколада: Како 52 производители од селата кај Чачак, Горњи Милановац и Лучан се собраа и отворија онлајн продавница
(ВИДЕО) Боне Спасовски од Виничани држи час по лозарство: После три години работа, од темјаниката очекувам добар род!
Белгија пронајде форматенат во замрзнати јагоди од Србија
Мицкоски ги повика младите да аплицираат на огласите за грантови од Оперативниот план
Директорот на Платежна агенција Илија Стоилев : Почнавме со 5 пчелни сандаци, сега имаме 65 и голема љубов кон пчеларството
Таг:Марио и Анкица Павовиќ од СавонијаНајдобрата одлука ни беше да останеме на селоНие сме народ што предвреме се откажува
Претходен напис Рокот за аплицирање по јавниот повик за мерка 3, ќе биде продолжен за 15 дена
Следен напис Светска банка: Одобрени нови 46 милиони евра за македонскиот аграр
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?