Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Да го намалиме фрлањето на храната за време на новогодишните и божиќните празници!
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Да го намалиме фрлањето на храната за време на новогодишните и божиќните празници!
МагазинСовети

Да го намалиме фрлањето на храната за време на новогодишните и божиќните празници!

Објавено 29/12/2020
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

За жал, ретко јадеме сè што ќе купиме и ќе подготвиме. Истражувањата покажуваат дека околу 53%, а според некои студии дури 70% од вкупната количина на фрлена храна потекнува од  домаќинствата.

Токму поради тоа, во Република Хрватска ,министерството за земјоделство започна со низа активности насочени кон подигнување на свеста на потрошувачите во врска со проблемот со прекумерно губење на храна, со цел да се променат навиките и однесувањето на граѓаните при ракувањето со храната дома, на работа, на  училиште, во продавница или во ресторан.

Сите ние треба  да се обидеме да го намалиме отпадот од храна во нашите домаќинства за време на претстојните празници. Еве неколку  совети за тоа:

1. Планирајте што купувате

Однапред смислете што ќе готвите, а пред да одите да купувате, проверете кои намирници веќе ги имате дома и подгответе список со намирници што ви требаат.

2. Купувајте разумно, без да создавате залихи што не ви требаат

Сите ние често  го менуваме мислењето околу храната што ни е потребна, особено ако видиме некои промоции и попусти. Исто така, тоа не тера да купуваме храна што не ни треба или да купуваме поголема количина од она што навистина ни треба.

 3. Правете разлика при означувањето на рокот на употреба на храната („најдобро за  употреба до“ и „употребливо до“)

Означениот датум за „Најдобро да се користи до“ е т.н. „Квалитетен датум“ што го покажува датумот до кога храната ги задржува своите квалитативни својства, доколку е правилно зачувана. Многу прехранбени производи со поминат рок од датумот означен со  „најдобро да се користи до“ се уште се безбедни за консумирање по овој период, но постои можност за нешто намален квалитет (на пр. промена на аромата, цврстината, текстурата). Датумот „Употребливо до“ е т.н. „Безбеден датум“ и се наоѓа на храна што е расиплива од микробиолошка гледна точка. После „датумот на употреба“ храната станува небезбедна и може да претставува непосредна опасност по здравјето на луѓето и не е за консумирање.

4. Организирајте го  фрижидерот и оставата,  пред празниците

Правилно складираната храна според упатствата на производителот е безбедна за употреба и останува свежа подолго. За време на складирањето и подготовката, одделете ја сировата од готовата храна.

 5. Чувајте ги остатоците во фрижидер или замрзнете ги

Поделете ја претходно подготвената храна на помали порции за да можете по потребада ја извадите од фрижидер или од замрзнувач. И тука водете сметка за безбедноста на храната и не ставајте топла храна во фрижидер, а откако еднаш сте ја одмрзнале, храната консумирајте ја во рок од 24 часа по одмрзнувањето.

6. Послужете помали количини на храна на чинијата

На овој начин,се намалува количината на преостаната храна на чинијата, а се подразбира дека секој може да ја дополни својата чинија.

 7. Бидете иновативни и практични – нови рецепти

Од остатокот од оброкот може да се подготват интересни јадења за следните оброци, на пр. салати со ладно печено месо, кнедли од леб, ролни од компир- пире,  крем супа  од зеленчук и сл.,а користењето на остатоци од претходните оброци го скратува времето потребно за подготовка.

 8. Донирајте храна

Во текот на целата година, треба да бидеме социјално чувствителни и да ги споделуваме намирниците и вишокот на храна со сиромашните.

 Со намалувањето на количината на храна што се фрла се намалуваат и трошоците за целото домаќинство, но исто така тоа придонесува за лично чувство на задоволство.

Извор: Агропортал

Може да ви се допадне

Исправноста на опремата за аплицирање на пестициди – темел за здрава и продуктивна производна сезона во земјоделството
Како до успешно производство на компир
Капина – карактеристики и одгледување на сортата Лох Нес
Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Таг:празницифрлање на хранахрана
Претходен напис Во Јапонија наскоро ќе се отвори „drive-in“ стаклена градина за собирање и купување јагоди
Следен напис Можни инвеститори за Попова Шапка од Катар, Швајцарија, Италија, Германија и Австрија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?