Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во Јапонија наскоро ќе се отвори „drive-in“ стаклена градина за собирање и купување јагоди
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во Јапонија наскоро ќе се отвори „drive-in“ стаклена градина за собирање и купување јагоди
АгровестиМагазин

Во Јапонија наскоро ќе се отвори „drive-in“ стаклена градина за собирање и купување јагоди

Објавено 28/12/2020
Сподели
3 мин. за читање
Harvest of fresh tasty ripe red strawberries growing on strawberry farm in greenhouse
Сподели
Ad imageAd image

Јапонија на сите им е позната како една од најневообичаените земји во светот и се чини малку недостижна за западниот начин на размислување. Таму, на пример, се произведуваат квадратни лубеници за да заштедат повеќе простор во фрижидерот, а за да може  путерот полесно да се намачка  на леб, тие го пакуваат во стик.

Ова е само дел од иновациите, но многу новитети сè уште продолжуваат да ја шокираат светската јавност. Сето ова дефинитивно ја прави оваа земја поразлична од другите.

Така на пример во наредниот период тие со своите автомобили ќе можат да влезат во  пластениците и самите да си наберат свежи јагоди, пишува cnet.

Ваквите специјални пластеници се наоѓаат точно пред Токиската кула( во центарот на Токио), а посетителите ќе можат сами да соберат јагоди или да прошетаат низ стаклена градина  со својот автомобил и да си го земат пакетот. Но, многумина се прашуваат колку здраво и свежо ќе биде ова овошје доколку  низ стакленикот поминуваат возила кои испуштаат штетни гасови.

Од другата страна на стаклената градина, купувачите  ги ќе чекаат уште неколку pop-up продавници. Овој термин се однесува на продавници кои одеднаш се појавуваат на некоја локација, а по некое време се преселуваат на друга локација. Така, покрај продавницата за јагоди, ќе можат  да  се најдат и низа ресторани кои нудат разни деликатеси од ова овошје.

Во оваа далечна источна земја, компаниите и поединците се обидуваат да најдат безбедни начини за да го искористат времето бидејќи SARS CoV-2 продолжува да се шири низ целиот свет, и при тоа тие сакаат да го намалат  ризикот од инфекција. Така, земјоделската задруга  Сага го смисли овој начин за берење на земјоделски производи во срцето на главниот град, почитувајќи ја социјалната дистанца и другите епидемиолошки мерки. Покрај заштитата од Ковид, системот е дизајниран така што клиентите не мора да бараат место за паркирање во градот.

Треба да се напомене дека влезниците за во ваквите стакленици се ограничени на 153 пара во текот на два дена. Јагодите ќе можат да се купат од 15-16 јануари. Иако кратко, тоа ќе биде интересно и слатко искуство.

Паралелно со оваа иновација, од Јапонија  доаѓаат различните бели јагоди, кои мирисаат на вистинска црвена боја на која сме навикнале. Имено, јагодите содржат природна боја односно растителн пигмент антоцијанин. Но, кога ќе се намали сончевата светлина на растението, пигментот  не се активира, пишува tokyocheapo. Овие јагоди се новина во Јапонија, поради што нивната цена е исклучително висока – 10 американски долари за едно парче овошје.

Извор: Агроклуб

Може да ви се допадне

Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Таг:drive-inЈапонијастаклена градина
Претходен напис Како да бидете дел од проектот ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО НА СОНЧОГЛЕД 2021
Следен напис Да го намалиме фрлањето на храната за време на новогодишните и божиќните празници!
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?