Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Можни инвеститори за Попова Шапка од Катар, Швајцарија, Италија, Германија и Австрија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Можни инвеститори за Попова Шапка од Катар, Швајцарија, Италија, Германија и Австрија
АгровестиРурален Развој

Можни инвеститори за Попова Шапка од Катар, Швајцарија, Италија, Германија и Австрија

Објавено 29/12/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

За ски-центарот Попова Шапка во игра се потенцијални инвеститори од Катар, Швајцарија, Италија, Германија и Австрија, истакна дека во Тетово, премиерот Зоран Заев, при отворањето на новите простории на Државниот пазарен инспекторат. Во овие преговори вклучена е и намерата и идеја, Попова Шапка заедно со ски-центарот Брезовица од Косово да бидат заедничка понуда до инвеститорите

– Верувам дека ќе се најдат сериозни инвеститори овој одличен туристички потенцијал за развој на државата. Владата на Косово, очекуваме иако е во криза состојба, да дадат согласност, заедно Попова Шапка и Брезовица, заеднички да ги понудиме за развој на инвестиции во скијачкиот туризам – потенцираше Заев.

Според него, јавно-приватно партнерство е поприфатливо за државата. Физибилити студијата овозможува и јавно приватно партнерство и целосна приватизација.

– Јас би ја оставил државата партнер. Затоа што за државата останува трајна вредност, не инвестира пари државата, а има сериозна добивка. Државата може да ги понуди хотелите, може да ја понуди жичарата, местото, може да понуди концесии, комплетно да бидат наше учество. Приватниот партнер нека инвестира пари, ќе определиме на бизнис план, колку тоа вреди и толку ќе биде процентот за државата. Но, убаво е кога државата е партнер на приватниот партнер и тоа и дава силина и тежина, затоа сум повеќе за јавно приватно партнерство – рече Заев.

Ова, истакна, е одлична можност за развој на зимскиот туризам.

– Ако се реализира овој проект, зимскиот туризам за нашата Македонија овде на Попова Шапка навистина ќе го смени ликот на државата, имиџот на државата, ќе даде содржини на граѓаните своето слободно време да го посветат на себе на семејствата, бидејќи е неповторлива дестинација. Во Бугарија , Грција и Србија неколку саати се потребно од аеродромите до ски-центрите. Кај нас е во минути – истакна Заев, кој истакна дека за шестоседата жичница инвестицијата е генерално завршена.

Премиерот Заев верува дека еден од поголемите инфраструктурни зафати во Тетово, пробивање на булеварот Благоја Тоска во 2021 година конечно ќе биде реализиран.

– Конечно е завршена административната постапка со 29.500.000 денари дадени од Влада, да се плати експропријацијата. Второто се 45/46 милиони денари за реализација на патот од парите на ТАВ: За сите пари општината мора извештај да се достави до Владата за средствата кои мора да бидат оправдани. 2021 година верувам дека булеварот ќе биде изграден. Нема потреба од тендер, сега ТАВ инженеринг директно ги реализира зафатите со свои подизведувачи и тука ќе се заштеди време. Од февруари март може да почне се гради – истакна Заев.

Од средствата за карго аеродором на ТАВ во Штип, кои беа пренасочени во сите општините, за Тетово покрај булеварот, треба да се реконструира гимназијата и уште неколку други помали проекти.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:инвеститориПопова Шапкапреговори
Претходен напис Да го намалиме фрлањето на храната за време на новогодишните и божиќните празници!
Следен напис Крива Река порибена со сто килограми пастрмка
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?