Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЦУК: Жителите на Куманово да не ја пијат водата од ЈП „Водовод“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ЦУК: Жителите на Куманово да не ја пијат водата од ЈП „Водовод“
Агровести

ЦУК: Жителите на Куманово да не ја пијат водата од ЈП „Водовод“

Објавено 22/05/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Кумановци да не пијат вода за пиење од водоводот, поради заматеност од вчерашните врнежи од град и дожд во липковско, алармираат од Центарот за управуавње со кризи.

Утрово, до Центарот за управување со кризи до Секторот за операции и координација е побарана координација помеѓу институциите заради надминување на настанатиот голем проблем за водоснабдување на градот Куманово. Имено, по вчерашните обилни поројни врнежи од дожд и град во липковскиот регион е предизвикано зголемување на нивото на Липковска Река, што има влијание на системот за водоснабдување – на филтер станицата на ЈП „Водовод“ Куманово.

-Според информација од одговорното лице на филтер станицата, се работи за количина на над 10.000 m3 заматена вода што влијае на процесот на прочистување и испорака на истата до граѓаните. Од тие причини, во моментот е појавена заматеност на водата во цевководниот преносен систем и е прекината дистрибуцијата до граѓаните, што најверојатно ќе трае во текот на целиот денешен ден, а по потреба, се до моментот на надминување на состојбата, нагласуваат од ЦУК.

Од Центарот за управување со кризи, веднаш е побарано инспекциските служби на Центарот за јавно здравје од Куманово да излезат на самото место, направат увид, земат мостри за анализа и донесат соодветно решение за понатамошна постапка.

Истовремено е известена и Општина Куманово за понатамошна постапка, во насока преземање мерки и активности за надминување на состојбата во интерес на граѓаните, а во моментот е воспоставена комуникација со медиумите заради известување на граѓаните на Куманово.

Најавено е дека во 12.00 часот ќе заседава Општинскиот штаб со сите претставници од институции во Општина Куманово. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:водатаВодоводЖителитекумановопијатцук
Претходен напис Првиот случај на птичји грип откриен на фарма во Австралија не е истиот вид како во САД
Следен напис Од градот уништени земјоделски површини во Липково и Старо Нагоричане, излеана Крива Река во североистокот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?