Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Од градот уништени земјоделски површини во Липково и Старо Нагоричане, излеана Крива Река во североистокот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Од градот уништени земјоделски површини во Липково и Старо Нагоричане, излеана Крива Река во североистокот
Агровести

Од градот уништени земјоделски површини во Липково и Старо Нагоричане, излеана Крива Река во североистокот

Објавено 22/05/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 Граѓани денеска алармираат дека во Куманово поради обилните врнежи има одрони на патот во село Сушево. Градоначалникот на општина Старо Нагоричане, пак Бобан Цветановски во изјавата за МИА посочи дека вчера поради интензивните врнежи од град и дожд има одрони на повеќе патишта.

– До доцните вечерни часови со скип ги отстранувавме наносите од камења, инфраструктурата е уништена во повеќе села. Во однос на земјоделското обработиливо земјиште има уништени посеви од житни култури, градинарски, лозови и овошни насади. Комисијата ќе почне со работа, но веројатно ќе и треба повеќе време и детална информација ќе има до утрешниот ден, изјави Цветановски.

Жители на Липково, пак информираат дека вчера град паѓал 45 минути.

-Прво беше поситен, после покрупен како орев, се е уништено од културите, овошки, жито, домат, пиперка, изјавија жителите.

Најпогодени села се Отља, Слупчане, Оризаре. Штети имаат и куќите со соларни панели, а од градот оштетени се и автомобили кои биле оставени надвор.

Зголемен е водостојот и излеана е Крива Река во Опила, (Општина Ранковце), соопштија денеска од ЦУК. Оттаму додаваат дека по добиената пријава во ЦУК, за зголемување на водостојот и излевање на Крива Река во село Опила, Секторот за операции и координација на ЦУК преку Регионалниот центар за управување со кризи Крива Паланка, веднаш ги извести Општина Ранковце и побарале да се излезе и да се направи увид во состојбата.

ЦУК известува, по направениот увид од страна на Општина Ранковце, дека во еден дел околу мостот, за којшто е добиена пријавата, има излевање на реката на околните земјени патеки. Конкретно под вода е една нива и импровизирано игралиште. Причината за ваквата состојба е констатирано дека најверојатно е нерасчистеното корито од бујната распространетата вегетација. Мерки за расчистување Општина Ранковце ќе преземе веднаш по смирување на водата во речното корито и повлекување на истата, на веќе дефиниран простор, велат од ЦУК.

МИА

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:градотземјоделски површиниизлеанаКрива РекаЛипковоСтаро нагоричанеуништени
Претходен напис ЦУК: Жителите на Куманово да не ја пијат водата од ЈП „Водовод“
Следен напис Се отстрануваат последиците од невремето во Србија и се проценуваат штетите, вонредна состојба во Нови Пазар
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?