Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Првиот случај на птичји грип откриен на фарма во Австралија не е истиот вид како во САД
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Првиот случај на птичји грип откриен на фарма во Австралија не е истиот вид како во САД
Агровести

Првиот случај на птичји грип откриен на фарма во Австралија не е истиот вид како во САД

Објавено 22/05/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Птичји грип е откриен на живинарска фарма во близина на Мелбурн, Австралија, а резултатите од првите тестови покажуваат дека не е истиот сој кој е широко распространет на глобално ниво и е присутен кај говедата и млекото во САД, соопшти денеска австралиското Министерство за земјоделство.

Голем број живина угина на фармата, која е ставена во карантин, соопштија властите

Австралиското Министерство за земјоделство соопшти дека се вршат тестови за да се утврди за каков тип на вирус се работи и колку е потенцијално сериозен.

„Од прелиминарните резултати знаеме дека ова не е истиот сој како оној што е пријавен во странство, вклучувајќи ги САД и Антарктикот“, се наведува во соопштението.

Кинеските власти во саботата објавија дека е потврдено присуство на вирусот на птичји грип кај популацијата на диви птици на западот на земјата, а во исто време во САД се зголемува загриженоста за ширењето на оваа заразна болест кај добитокот.

Надлежниот американско министерство во саботата соопшти дека добиле извештај за случаи на зараза во Кина, а Центарот за контрола на болести на животните и Националната референтна лабораторија потврдија дека се работи за птичји грип и дека избувнување на вирусот Х5Н1 меѓу млечните говеда беше пријавено од крајот на март во најмалку девет американски држави.

Во Австралија досега нема пријавени случаи на вирусот Х5Н1.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:АвстралијаоткриенаПрвиот случајптичји грипСАДфарма
Претходен напис ЦУК: Поплавувања и штети од невремето на објекти, земјоделски површини, патишта и автомобили
Следен напис ЦУК: Жителите на Куманово да не ја пијат водата од ЈП „Водовод“
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?