Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Цените на храната во светот продолжуваат да растат – деветти месец по ред го достигнуваат највисокото ниво!
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Цените на храната во светот продолжуваат да растат – деветти месец по ред го достигнуваат највисокото ниво!
Агровести

Цените на храната во светот продолжуваат да растат – деветти месец по ред го достигнуваат највисокото ниво!

Објавено 04/03/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Цените на храната продолжија да растат и во февруари, веќе деветти месец по ред го достигнуваат највисокото ниво од јули 2014 година, предводени од поскапувањето на шеќерот и растителните масла, соопшти денеска Агенцијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО).

Индексот на цените на храната на ФАО, кој го следи месечното движење на глобалните цени на житарките, маслото, млечните производи, месото и шеќерот, во просек минатиот месец изнесуваше 116 поени, што е за 2,4 проценти повеќе од јануари, се вели во извештајот објавен на официјалната веб-страница на оваа светска организација.

Во споредба со февруари 2020 година, светските цени на храната скокнаа за 26,5 проценти.

Цената на шеќерот се зголеми за 6,4 проценти од јануари, бидејќи намалувањето на производството во водечките земји производители и големата побарувачка за увоз во Азија дополнително ги разгореа стравувањата од потенцијален недостиг на понуда. Очекуваното закрепнување на производството во Тајланд и подобриот принос на шеќерна трска во Индија го ограничија поголемиот раст на цената на оваа намирница.

Растителните производи во февруари поскапеа за 6,2 проценти, достигнувајќи го највисокото ниво од април 2012 година. Според извештајот на ФАО, скок на цените има и кај сите видови растителни масла – од палма, соја, репка и сончоглед.

Цените на млечните производи се зголемија за 1,7 проценти на месечно ниво, најмногу поради растот на меѓународните извозни квоти на путер, како резултат на големиот кинески увоз и ограничената испорака од Западна Европа. Сирењето, од друга страна, стана делумно поевтино поради големите резерви во САД.

Житарките во просек беа поскапи за 1,2 проценти во февруари отколку во јануари. Цените на просото скокнаа за 17,4 проценти за еден месец, под влијание на постојано силната побарувачка од Кина. Меѓународните цени на пченката, пченицата и оризот беа генерално стабилни или малку зголемени.

Во февруари, во корпата за храна на ФАО најмногу се зголеми цената на месото, за 0,6 проценти, главно како резултат на малку помалите испораки на говедско и овчо месо од главните производствени региони. Наспроти ова, цените на свинското месо паднаа бидејќи Кина ги намали набавките поради големите резерви, како и зголемувањето на непродадените свињи во Германија, предизвикано од продолжувањето на забраната за извоз на азиските пазари.

Светската организација за храна, со седиште во Рим, исто така соопшти дека светскиот род на житарки во 2020 година е на пат да забележи годишен рекорд, додавајќи дека прелиминарните индикатори укажуваат на понатамошен раст на производството оваа година.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:маркетхранацени
Претходен напис Биткоинка – првата крава во Црна Гора платена со криптовалута!
Следен напис ИЗВЕСТУВАЊЕ: Почна аплицирањето за произведени еднодневни бројлерски пилиња и одгледани и заклани бројлери во регистриран кланичен капацитет
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?