Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Цената на нафтата на светските берзи паѓа шест седмици по ред
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Цената на нафтата на светските берзи паѓа шест седмици по ред
Агровести

Цената на нафтата на светските берзи паѓа шест седмици по ред

Објавено 06/12/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Цените на нафтата на светските берзи паднаа и минатата недела, шеста седмица по ред, бидејќи трговците стравуваат дека омикрон варијанта на коронавирусот може да предизвика повторно затворање на економиите, а со тоа и пад на побарувачката на нафта.

Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела падна за речиси 4 отсто, на 69,88 долари, додека на американскиот пазар барелот падна за 2,8 отсто на 66,26 долари. Ова е шеста недела по ред како цените паѓаат, што не е забележано од ноември 2018 година. Откако кон крајот на октомври достигна највисоки нивоа во последните три години, цената на нафтата се намали за околу 18 отсто.

Цените на нафтата се под притисок и поради одлуката на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници, предводени од Русија, да продолжат да го зголемуваат производството во јануари, според планираното, за 400.000 барели дневно, и покрај појавата на нови варијанти на коронавирус.

Сепак, водечките светски производители на нафта ја задржаа можноста за промена на политиките на краток рок, доколку владите со рестриктивни мерки се обидат да го спречат ширењето на омикрон а со тоа се наштети на побарувачката, па затоа најавија можност за повторна средба пред почетокот на следната година.

„Има многу причини за падот на цената на нафтата, вклучувајќи го и порастот на инфекциите со коронавирус, одлуката на ОПЕК да опстои на планот за зголемување на производството во јануари и разочарувачкиот извештај за вработеноста во САД“, рече Боб Јавгер, директор на пазарот за енергетика на компанијата Мизухо. Во петокот беше објавено дека бројот на вработени во САД минатиот месец се зголемил за 210.000, значително помалку од еден месец претходно и помалку од очекуваните 530.000.

Може да ви се допадне

Почна стопанско-туристичката и културна манифестација „Тиквешки гроздобер“
Распоред за јавно отворање на понудите по јавните повици за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост
(ВИДЕО) Гром усмрти 107 овци на сточарот Тасин Усеинов од Чашка
ЕУ го суспендира увозот на бразилско месо, Бразил изразува „длабока загриженост“
Вкупно 31 пожар на отворен простор се регистрирани до изутринава, еден активен, три под контрола и 27 изгаснати
Таг:нафта
Претходен напис Времето денеска облачно со дожд, а на планините снег
Следен напис Паѓаат цените на житарките на светските берзи – Кои се причините?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?