Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Целер – мало растение со големи придобивки за здравјето
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Целер – мало растение со големи придобивки за здравјето
Магазин

Целер – мало растение со големи придобивки за здравјето

Објавено 19/03/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Целерот е двегодишно растение кое потекнува од Европа, а денес се одгледува низ целиот свет како градинарско растение, од кое се користат лисјата, стебленцата, корењата и семето.

Целерот е мало растение, достигнува едвај половина метар во височина и бара влажна почва за да успее.

Дава цветови со форма на чадор на врвот од стеблото во текот на втората година.

Постојат неколку сорти целер. Од дивиот целер (Apium graveolens dulce) потекнуваат сите останати сорти, а меѓу најпопуларните сорти кои се одгледуваат низ светот се: листестиот целер (Apium graveolens secalinum) и коренестиот целер (Apium graveolens rapaceum). Од коренестиот се користи само коренот, а листовите како зачин, додека од листестиот се користат крцкавите стебленца.

Во коренот прекриен со влакненца и со остатоци од земја се крие богат и ароматичен вкус, кој ќе збогати многу јадења, а добар е и како прилог.

Лисјата на целерот се богат извор на флавоноидни антиоксиданси, како што се: зеаксантин, лутеин и бета-каротин, кои имаат антиоксидантни својства и заштитуваат од одредени видови рак. Целерот е добар извор на витамин А кој е потребен за одржување на здравјето на слузокожата и кожата и е клучен за добриот вид. Обезбедува 9 проценти од препорачаната дневна доза на фолна киселина, а содржи и рибофлавин, ниацин и витамин Ц – состојки кои се неопходни за одржување на доброто здравје.

Семето од целер, кое се користи како зачин, на изглед е слично со семето од ким. Има темно кафеава боја, долгнавеста форма, со тенки, вертикални риги. Има силен вкус и арома.

Целерот лесно се вари и има двојно помалку калории од компирот, а 100 г корен од целер содржи 40 калории. Тој е одличен извор на витамини, има диуретско дејство, а помага при надуеност и стомачни тешкотии.

При избор на корен од целер водете сметка да е цврст на допир, а ако има остатоци од стебленцето, тие мора да бидат свежи. Колку повеќе стои, целерот повеќе ја губи бојата и брзо оксидира, но притоа губи и вредни нутритивни состојки. Затоа не треба да се купува сечен, туку цел корен.

Ако купувате стебленце со листови, тие мора да бидат светлозелени и крцкави. Коренот од целер може да се чува во фрижидер неколку недели, а стебленцата во ќесичка во фрижидер можат да стојат до една недела.

Многумина мислат дека целерот се употребува само како додаток за супа или варива. Но целерот може да се јаде и суров, исечен на стапчиња како грицки, со некој сос или додаток на салата. Исечен на тенки ленти може да е главна или придружна состојка во разни јадења. Исечете го на коцки, сварете го со пире и тоа нема да биде веќе здодевен прилог. Печете го во рерна, додајте го на кремасти супи, ризото…

А ако сакате крцкав целер, направете чипс – коренот од целер исечете го на тенки листови, валкајте ги во брашно, потоа во јогурт, па пак во брашно и пржете ги во сад со длабоко масло. Посолете ги и сервирајте ги со некој освежителен сос.

Може да ви се допадне

Летен пинџур
Volkswagen „вработи“ 100 овци за необична мисија во соларен парк
Домашен сок од вишни
Салата со пилешко
Пиперки полнети со урда
Таг:целер
Претходен напис Жител на Слатино приведен откако му нашле огревно дрво без документи
Следен напис Започна пролетната акција во Хемометал со тракторите HATTAT!
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?