Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Фирмите со сметки во Алта банка од денеска неограничено ќе располагаат со новите приливи
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Фирмите со сметки во Алта банка од денеска неограничено ќе располагаат со новите приливи
Агровести

Фирмите со сметки во Алта банка од денеска неограничено ќе располагаат со новите приливи

Објавено 25/11/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Правните лица кои имаат сметки во „Алта банка“ АД Битола од денеска можат без ограничување на износот да располагаат со новите приливи на своите сметки, доколку средствата се префрлени од платежни сметки отворени во други банки и кај други даватели на платежни услуги, информира Народната банка.

Со оваа мерка се проширува пристапот на клиентите до сопствените средства, а фирмите ќе можат во целост да ги користат дополнително примените средства врз оваа основа.

Од Народната банка потсетуваат дека и физичките лица веќе можат неограничено да располагаат со новите приливи на своите сметки во „Алта банка“, доколку тие доаѓаат од платежни сметки отворени во други банки и кај други даватели на платежни услуги.

Оваа можност ги опфаќа новите приливи по сите основи, вклучително и платите, пензиите и социјалните трансфери, кога исплатите доаѓаат од институции или фирми што имаат сметки во други банки.

- Реклама -
Ad image

Клиентите немаат потреба да отвораат платежна сметка во друга банка, бидејќи со пристигнатите средства можат да располагаат во целосен износ преку електронско и мобилно банкарство, платежни картички или подигање готовина на отворените шалтери на Банката.

Продолжуваат со работа и филијалите на „Алта банка“ во Струмица, Тетово и Прилеп, како и експозитурата во Скопје, во Трговскиот центар „Бисер“. Таму клиентите можат да подигнуваат готовина во рамките на утврдените ограничувања, како и да вршат уплати за комунални услуги, отплата на кредити и други потреби.

За користење на електронското и мобилното банкарство и натаму важат лимитите до 15.000 денари неделно за клиентите со платежни картички и до 20.000 денари во период од две недели за клиентите без платежни картички. Лимитите се однесуваат збирно на сите сметки на клиентот и на сите канали за плаќање и повлекување средства.

Народната банка соопшти дека продолжува внимателно да ја следи состојбата во „Алта банка“ и да презема активности за олеснување на пристапот на клиентите до нивните средства и за непречено извршување на платежните услуги.

МИА

Може да ви се допадне

Список на кандидати пријавени за полагање на ловечки испит за 28.11.2026 година
AI експерти од „Microsoft“ и „NVIDIA“ во Скопје на конференција за новата ера на вештачката интелигенција
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози на повисоките места во западните делови од државата
КАКО БАНКИТЕ ВО РЕГИОНОТ ги поддржуваат земјоделците: Примерите на Словенија и Хрватска што носат милиони на нивите
Народната банка со поддршка за родовата еднаквост во корпоративното лидерство и квалитетното управување
Таг:Алта банканеограниченоприливифирмите
Претходен напис Најстудено утрово во Берово, -11 степени, температури под нула насекаде во државата
Следен напис Список на кандидати пријавени за полагање на ловечки испит за 28.11.2026 година
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е платформа за модернизација и развој на агросекторот.
 

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?