Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Царинска управа: Запленет 109 кг режан тутун, цигари, облека од познати модни брендови
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Царинска управа: Запленет 109 кг режан тутун, цигари, облека од познати модни брендови
Агровести

Царинска управа: Запленет 109 кг режан тутун, цигари, облека од познати модни брендови

Објавено 29/10/2024
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

– Режан тутун во вкупна количина од 109,5 килограми е запленет од страна на мобилен тим во координација со СВР Битола при МВР. Режаниот тутун е одземен од албански државјанин со регулиран престој во Битола, во моментот кога требало да ги преземе кесите со тутун од возачот на автобус на превозна фирма од Битола. Лицето не поседувало документи за потекло и платени акцизни давачки.

Со ова е спречен обид за пуштање во промет акцизна стока за која е избегнато плаќање давачки од 379 илјади денари. Запленетата стока согласно законските прописи ќе биде предадена во Агенцијата за управување со одземен имот, а против лицето ќе биде поднесена кривична пријава заради прекршување на Кривичниот законик.

Спречени се и обиди за криумчарење на 44 штеки цигари, по извршени контроли на камиони на граничен премин Богородица и на Меџитлија. Притоа 38 штеки цигари без акцизни маркички се запленети во два случаи на извршена контрола на товарни моторни возила со македонски регистарски таблички на влез во државата на граничен премин Богородица.

Останатите 6 штеки цигари без акцизни маркички се откриени при контрола на камион со македонски регистарски таблички, управувано од македонски државјанин пријавен за влез во државата на граничниот премин Меџитлија. Против сторителите се поведени соодветни постапки.

– 814 парчиња детска спортска облека со ознаки на заштитени трговски марки, се запленети од страна на мобилни царински тимови, поради сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост. Случајот е откриен при контрола на стока со потекло од Кина сместена во јавен царински склад, наменета за фирма од Тетово. Поведена е постапка за утврдување на оригиналност на стоката.

– 105 резервни делови за возила и 8 литри моторно масло, се запленети од страна на мобилен тим на Секторот за контрола и истраги при Царинска управа во соработка со полициски инспектори од Регионалниот центар за гранични работи Исток.

Случајот е откриен при контрола на патничко комбе на магистралниот пат граничен премин Делчево – село Звегор. За непријавените автоделови за кои возачот изјавил дека се негова сопственост, истиот не поседувал документи за потекло и платени увозни давачки. Против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.

– 34 парчиња резервни делови и 29,5 литри течност за чистење за машини за прехрана, се запленети од страна на царински службеници на граничен премин Богородица по контролана автомобил со грчки регистарски таблички, управуван од грчки   државјанин, пријавен за влез во државата. Против возачот е поведена прекршочна постапка.

– 157 пакувања витамини и суплементи, храна и разна опрема за домашни миленици, и 5 штеки цигари со вкупна вредност од 156 илјади денари се запленети по извршена контрола на автомобил со косовски регистарски таблички, управуван од косовски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Меџитлија. Против возачот е поднесена соодветна постапка.

– Спречен нелегален изнес на 3.800 евра кои македонски државјанин сакал без да ги пријави да ги изнесе од државата преку граничен премин Блаце. Имено при извршена контрола во соработка со полициски службеници, во чантата на патникот биле пронајдени 5.800 евра за кои лицето не поседувало документ за потекло. Согласно законските прописи на возачот му биле вратени 2.000 евра.  За сторениот девизен прекршок против возачот е поведена прекршочна постапка.

– 113 парчиња разни производи, меѓу коишто облека, обувки, рачни часовници, козметички производи, автогалантерија и друго се откриени при контрола на автомобил со македонски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Блаце. На прашање на царинските службеници дали има нешто да пријави за царинска контрола, возачот одговорил негативно и инсистирал побргу да биде пуштен да ја премине граничната линија. Поради сомнение е извршена детална контрола, при што во багажникот биле пронајдени непријавените производи спакувани како поштенски пратки.

Производите се привремено задржани, а против возачот е поведена соодветна постапка.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Запленетоблекатутунцаринска управацигари
Претходен напис Утре слаб локален дожд, а потоа стабилно, суво и постудено
Следен напис Во Прилеп трибина на АХВ за превенција против чума кај овците и козите 
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?