Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во Прилеп трибина на АХВ за превенција против чума кај овците и козите 
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во Прилеп трибина на АХВ за превенција против чума кај овците и козите 
Агровести

Во Прилеп трибина на АХВ за превенција против чума кај овците и козите 

Објавено 29/10/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 Агенцијата за храна и ветеринарство денеска во Прилеп одржа работен состанок за превенција од болеста чума кај малите преживари, конкретно кај козите и овците, со претставници од инспекциските служби, Дирекцијата за заштита и спасување, локалната заедница, стопанските субјекти и претставници од граничната полиција.

Кај нас оваа болест ја нема, но има ризични региони каде е констатирана, како Грција, Романија. Пред сѐ, треба да се работи на свесноста кај сточарите за оваа болест и Агенцијата презеде низа мерки и активности преку состаноци со сточарите како да ја препознаат и да ја пријават болеста.

– Болеста не е зооноза, не се пренесува на луѓето, но брзо се пренесува преку директен контакт кај овците и козите и смртноста може да биде стопроцентна. Тоа значи може да предизвика огромни штети и загуби во овчарството. Како извозна гранка, може да предизвика намалување на сточниот фонд и на девизниот прилив што се огромни последици, изјави Ванчо Новоселски, раководител на инспекцискиот надзор при АХВ.

Македонија има забрана за увоз од ризичните подрачја.

-Постои ризик, посебно кај нашите фарми кои граничат со соседна Грција. Бидејќи се пренесува преку директен контакт на заразеното животно со друго, ризиците се мали, има природни препреки, но мора превентивно да се дејствува. Имаме преземено низа мерки, во однос на забрана на влез на живи животни од ризичните подрачја. Забраната е од поодамна, вели Новоселски.

Од Агенцијата апелираат до сточарите веднаш да реагираат при секоја респираторна промена кај животното.

-Ние ја следиме ситуацијата будно. Апелираме до сточарите при случај на некаков сомнеш во респираторниот процес кај животните, веднаш да пријават кај матичниот ветеринар за да може да се дејствува и да се преземат мерки, изјави Димитар Терзиевски од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Во земјава се регистрирани околу 400 000 грла овци и кози, од кои 90 проценти се овци.

Ова е трета трибина по оние во Скопје и во Штип.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ахвкозитеовцитепревенцијаПрилептрибинаЧума
Претходен напис Царинска управа: Запленет 109 кг режан тутун, цигари, облека од познати модни брендови
Следен напис Времето денес ќе биде променливо облачно со сонце и услови за слаб локален дожд
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?