Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Чудата во семејството Расповиќ со мирис и вкус на домашна лаванда – од сувенири до ликери
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО > Чудата во семејството Расповиќ со мирис и вкус на домашна лаванда – од сувенири до ликери
ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВОРастително производство

Чудата во семејството Расповиќ со мирис и вкус на домашна лаванда – од сувенири до ликери

Објавено 21/07/2020
Сподели
8 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Лавандата е исплатлива само ако се стигне до производство на финални производи кои потрошувачите лесно ги прифаќаат – вели магистер Драго Расповиќ кој заедно со неговата сопруга покрај етерични масла и миризливи водички, произведува дури девет видови на ликери, разни ракии, медови, џемови и сето тоа со вкус на ова ароматично растение, кое го одгледуваат на нивната семејната плантажа.

Како да се привлечат туристите на миризливите полиња со лаванда во Далмација и Славонија?

Секој што има желба да ги види и да ги почувствува мирисите на ова растение за кое сите воздивнуваат, не мора да оди во Франција или во Велика Британија. Лавандата се повеќе ја има на овие простори, а најмногу во Далмација и Славонија па и во Дебељак во Равен котар, каде живеат едни од првите луѓе кои почнале да одгледуваат лаванда. Тоа се сопружниците Цвита и Драго Расповиќ (76) од Задар кои лаванда одгледуваат на површина од 3.500 квадратни метри, а нивното семејно стопанство ова го вбројува помеѓу првите поголеми производители на подрачјето на Задарската општина.

Исто така тие први почнале посериозно да се занимаваат со преработка и подготвување на финални производи како што се сушени цветови, етерични масла, џемови и пијалоци, сето тоа од лаванда.

Шеф во лабораторија за алкохолни и безалкохолни пијалаци

„Нашите производи веќе сите ги знаат“, -вака Драго ја започна својата приказна. А го знаат и него, особено откако со своите производи од лаванда почнал да се појавува на разни саеми кои ги организира Задругата Еко-Задар и туристичката заедница од Задарската општина.

Расповиќ е магистер на биотехнолошки науки и целиот свој работен век го поминал во задарската фабрика Мараска. Како биотехнолог во својство на шеф на лабораторијата за алкохолни и безалкохолни пијалаци, го контролирал всушност целокупниот процес на производство на познатото „Мараскино“ и тоа почнувајќи од влезот на суровината во фабриката па се до финалниот производ.

Живот исполнет со мириси и комбинации

„Целиот свој живот се занимавам со мириси и нивни комбинации“, вели Расповиќ откривајќи дека пред 14 години, после неговото заминување во пензија се одлучил за бизнис со лаванда. Самата идеја им дошла додека тој и сопругата Цвита на телевизија следеле една замјоделска емисија.

„ Жена ми ми рече, одиме да ја оплемениме земјата за да го споиме убавото и корисното и да го минуваме времето во природа“, раскажува Драго за тоа како се одлучиле да ја обработуваат семејната нива во Дебељак, од каде што потекнуваат и која со години не била обработувана. За лавандата, се определиле бидејќи е лековито, повеќегодишно растение кое брзо дава плод и не бара многу труд. Размислувале и за подигање на маслинарник, но се откажале бидејќи составот на земјата и изложеноста на бури не се најпогодни за тоа.

Првата берба почнува кога пчелите заминуваат

„Првата берба на цветови за етерични масла ќе почне за некој ден. Додека цветот е со поинтензивна виолетова боја маслото е поквалитетно. Треба да се сече 10 см под класот до каде што содржи етерично масло. Надолу е стебленцето“, појаснува Драго и додава „Рачното берење се покажа како најдобро за нашето поднебје бидејќи грмушките се доста високи и широки па тешко е да се вклопи механизација – електрични ножици или комбајни. Во Славонија само на големи површини се исплатува машинското берење“. 

За класичната рачна жетва со српови, Расповиќ до неодамна ги ангажирал своите пријатели, роднини и уште неколку работници за да можат сите миризливи површини да ги ожнеат за четири до пет дена. Тогаш Драго бил најмлад меѓу пријателите кои во меѓувреме остареле. Некои од нив, за жал починале. Сега за жетвата, ангажира млади момчиња кои ги плаќа, а тие работата ја завршуваат брзо и квалитетно. Оваа година има многу цвет, немаше многу дожд па производите ќе бидат доста квалитетни.

Цвита и Драго откриваат дека за добивање на квалитетно масло од лаванда најдобро е да почне да се жнее „кога ќе си одат пчелите“, значи тодаш кога лавандата ќе процвета. 

Втора жетва и сушење во шатор

Жетвата за добивање на сушено цвеќе кое се става во вреќички, се извршува покасно. Обично 15 дена после првата, кога цветовите се поголеми и содржиат помалку вода па полесно се сушиат и се одвојуваат од стеблото. Расповиќ за сушење користат шатор кој го подигнале во полето. „ Ги сушиме во етапи. Имаме мрежа на спратови така да можеме многу да ставиме“, открива Расповиќ.

На прашањето, дали се исплаќа да се одгледува лаванда, Драго вели дека може од неа да се заработи само ако се оди до производство на финален производ. Во спротивно нема сметка бидејќи откупувачите, на пример, плаќаат 30 до 40 куни по килограм цвет или 500 куни за литар етерично масло. Значи, за целиот овогодишен род на нашата плантажа откупувачите би дале 8 до 10.000 куни. Можеби и помалку, а со тоа не можат да се покријат ниту основните трошоци. Ако се знае дека од тоа треба да се плати и дестилацијата, не останува речиси ништо, вели Драго.

Палета од сопствени производи и сувенири

Наместо да ја продава суровината на откупувачите, тој и сопругата после првата берба, пред 13 години, одлучиле да подготват неколку комбинации на цветови и етерични масла кои ги продавале. На една манифестацијата, органзирана од Хрватската стопанска комора, забележана е нивниот таканаречена „сувенир – вреќичка“ од сушено цвеќе и пакувањето на етерично масло од 5 до 10 милилитри. Тоа воедно беа и останаа единствени сувенири од тој вид во поширокото задарско подрачје.

„Потоа представивме проширен асортиман со сопствени етерични масла. На секое шишенце има етикета на фирмата, установата или институцијата која го подарува“, открива Драго не криејќи го задоволството што неговите производи, како спомен на своите гости, ги подаруваат претставниците на Задарската општина, гардот Задар, Туристичките заедници, Стопанските комори, поедини задарски компании, а можат да се купат и во продавниците.

Ликери и ракии

„Вкусен и пријатен, алкохолен или безалкохолен пијалок тешко е да се производе. Но во комбианција со лаванда и некои други наши лековити растенија тоа е возможно. На тоа работев и со тек на времето направив три производи – ликер, меденица и треварка со карактеристичен мирис и вкус на лаванда “, вели Расповиќ. Ликерот од домашни вишни – Cherrry Brandy Marschino, е направен да се ужива во него и и тоа во угледни друштва на задарски дегустатори и нивните гости. Се попознати стануваат и ликерите oд лимон, чоколаден ликер, ликер од маслинки, и ракијата и ликерот од свежи смокви. Забележани се и нивните лички и славонски супер коктели кои ги произведуваат во комбинација со славонска сливовица и крушковец во соодветен размер. Освен ракија и ликер со вкус на лаванда, од плодовите на вишна мараска, црешаи, дуњи и круши кои исто така се од нивниот овоштарник. Произведуваат и џемови  со вкус на лаванда кои доста добро се продаваат.

Извор: Агроклуб

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Кисачките јагоди – Привизер се едни од најпознатите во Нови Сад, продажбата се врши директно „од камион“ и на самата плантажа
Инвестиција од 5.000 евра и шест пати поголема добивка: Производството на лук во Србија станува сè попрофитабилно
Одгледување на малини – како да постигнете стабилен и висок принос
Закрепнување на ВИНОВАТА ЛОЗА по период на доцни пролетни мразеви
Култивирано одгледување на ароматични, зачински и лековити растенија: Одржлива и доходовна можност за современо земјоделство
Таг:Драго РасповиќЕтерични маслаЗадарлавандаХрватска
Претходен напис Сушното време предизвика штети на приносите на пченица во Германија, а Французите очекуваат пад од 21%
Следен напис Следните денови покрај топлото време, услови и за локална попладневна нестабилност
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?