Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

Чендлер е економски најисплатливата сорта на ореви


Сортата на ореви Чендлер со години е една од најпопуларните, најбараните и најисплатливите сорти во светот. Покрај тоа што е отпорен на бактериоза, се карактеризира и со висок принос на надворешни гранки. Ова е причината зошто Чендлер е економски најисплатливата сорта на ореви за одгледување.

Чендлер во моментов е една од нај дефицитарните сорти на ореви во светот, иако во многу земји се одгледува повеќе од 30 години. Таа  по потекло е од Калифорнија, каде експертите поминаа 3 децении работејќи на калемење на оваа сорта и за усовршување на нејзините карактеристики. Првите оригинални садници од ореви Чендлер имаа џуџеста форма и раѓаа малку, но квалитетот на нивните плодови беше неспоредлив.

Подоцна, сортата ја купил Истанбулскиот државен институт за овошје и започнал да ги прилагодува нејзините  карактеристики за потребите на турскиот пазар. Садниците потоа биле тестирани во различни земји низ Европа, а нивниот развој бил набљудуван од најдобрите светски експерти во оваа гранка на овоштарство.

Денес, со соодветно режење на оревите од сортата „Чендлер“ оревот расте до максимум 4 метри, дава принос уште во првата година, а целосна плодност достигнува во осмата година од садењето и приносот изнесува дури 80 килограми чисти плодови  по растение. Покрај својот супериорен принос, оваа сорта е позната и по тоа што може успешно да се одгледува без хемиски препарати и со ниски трошоци за работна сила. Поради сето ова, оваа сорта, во моментов е една од најпопуларните и најбараните во светот.

Покрај тоа, во многу земји, како што се Италија и Турција, се користи и кората од оревот  Чендлер. По одвојувањето на кората, таа се пакува и транспортира во фабрики каде што  од неа се прават различни бои и фарби. Лушпата од оревот Чендлер е многу мека и можете да ја скршите со рацете. Поради нејзината убава текстура, таа не се фрла. Специјализирани фабрички машини ја мелат и ја претвораат во прав од која се  прават кундаци и скапи ловечки пушки.

Кога станува збор за плодот на  оревот Чендлер, тој се карактеризира со исклучително висок квалитет. Јадрото на оваа сорта е со бела боја и се користи во фармацијата, козметиката, како и во производството на здрава храна. Поради лесното кршење на лушпата, таа  скоро секогаш се останува во едно парче што е исклучително важно за клиентите. Затоа еден киограм исчистено овошје во светот чини значително повеќе од некои други сорти, дури 25 долари.

 И на крајот, дрвото од оревот Чендлер е од голема вредност. Ако одлучите дека поради некоја причина повеќе не сакате или не можете да го одгледувате ова растение заради овошјето, не грижете се, неговото стебло секогаш се бара, ценето е и добро платено.


Иако спаѓа во касните сорти, бербата на оревот Чендлер може да започне уште во септември, кога плодовите не се целосно зрели. Кај овие млади ореви, кожата се  одстранува од јадрото и како таква  се користи во фармацевтската индустрија. Инаку, првата добра берба на оваа сорта е во нејзината четврта година. Се разбира, од најголема важност е од времето на садење до тој моментот на берба во консултација со стручни лица да се користи целосна и соодветна земјоделска технологија.

Се препорачува Чендлер да се одгледува на надморска височина не повеќе од 800 метри. Опасноста од мраз кај овие ореви не постои, бидејќи тие цветаат многу доцна, што е уште една предност. На еден хектар се одгледуваат просечно 300 стебла, а во зависност од парцелата, садници се засадуваат на растојание од 8 метри помеѓу редовите и 4 метри помеѓу дрвјата, или 7 метри помеѓу редовите и 5 метри меѓу дрвјата.

Сите овие факти го прават Чендлер оревот  да биде еден од најпрофитабилните и перспективни култури  во моментов, не само за оние што сакаат да одгледуваат сега, туку и за многу генерации од нивните поколенија.

https://www.agromedia.rs/


Ное 28, 2019agrotim2
(ВИДЕО) Керов: Започна пријавувањето за дополнителните 2 денари за грозјето, апел до винарниците итно да им издадат потврди на лозаритеНов трактор „NEW HOLLAND“ на 5 години отплата, нема одење во банки, сите документи во „БИСПРОМЕТ- Агроцентар“

Напишете коментар Откажи одговор

28/11/2019 Растително производствоекономски исплатливо овошје, ореви, Чендлер ореви2,039

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Изработка на апликации за ИПАРД и ФИТР

За информации и изработка на апликации за јавните повици на ИПАРД и Фонд за иновации и технолошки развој:

Phone: 071 285 385

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019