Огнот во Крушевица и Чаниште е запален вчера во 13: 30 часот од лицето Н.Н. До сега не е ставен под никаква контрола, проширен е 20 до 30 км веќе во линија. ЕР тракторите денес само еднаш беа видени таму. Материјалната штета е огромна.Изгореа 42 хектари со бадеми 20 куќи и придружни објекти. Пожарот се шири без контрола и не е можно да биде ставен под контрола.Се што читате е малку и неточно. Општината Прилеп треба да прогласи елементарна непогода. Дадовме тоа што го имаме од механизација но тоа е смешно спрема тоа што се случува. Нашата плантажа од 42 хектари е веќе уништена, се надевам дека Крушевица ќе се спаси некако.

Линијата на огнот е веќе и повеќе од 30 километри. Спрема ветровите оваа ноќ ќе оди спрема Битола , Кавадарци и Прилеп. Ова е најголема огнена стихија во овој момент во регионот. Се надевам дека нема да ја премини Црна Река. Да повторам, ова што го слушате и гледате од изјави и информации на медиуми е трагично смешно. Ставен/неставен под контрола. Ма ништо не е ставено под контрола и несметано ГОРИ и покрај напорите на Прилепските пожарникари и месното население, со тоа што им е при рака. Повеќе не треба да пишувам.ХАОС
Фејсбук статус на Даме Чкатроски
