
Годишната потрошувачка на месо во ЕУ се очекува да се намали за 1 килограм по жител и да достигне 68,6 килограми по жител во 2030 година.
Производството на млеко во ЕУ се очекува да расте, а исто така и побарувачката на живина ќе расте постојано во текот на предвидуваниот период, односно од 2019 до 2030 година, се вели во извештајот на Европската комисија.
Ќе дојде ли до пораст на производството на млеко?
Помеѓу 2019 и 2030 година, барањата за одржливост ќе доведат до умерено зголемување на производството на млеко во ЕУ, и тоа ќе се искачат на на 179 милиони тони до 2030 година (од досегашните 168 милиони тони во 2019 година). Секторот веројатно ќе ги прилагоди своите земјоделски практики за да ја зголеми продуктивноста во услови кога се намалуваат стадата (околу 1,4 милиони крави), а при тоа овозможувајќи намалувања на штетните емисии. Сепак, ЕУ се очекува да остане водечки светски снабдувач на млечни производи.
Исто така, се очекува дека голем дел од зголемувањето на производството на млеко во ЕУ ќе оди за преработка на сирење (24%), како резултат на постојаната глобална побарувачка и зголемената домашна индустриска употреба. Производството на сирење треба да се зголеми од 10,8 милиони тони во 2019 година на 11,5 милиони тони во 2030 година. Потрошувачката на млеко за пиење од ЕУ на среден рок треба да се намали, додека производството на путер може да продолжи да расте. Како одговор на оваа побарувачка, се предвидува зголемување на производството на путер од ЕУ од 2,5 милиони тони на 2,7 милиони тони.
Потрошувачката на месо по глава на жител се очекува да се намали
Неодамнешната појава на африканска свинска треска има силно влијание врз глобалниот пазар на месо. Наскоро ќе започне извозот од ЕУ за во Кина за сите видови на месо, особено свинско месо. Ова се очекува да доведе до неизвесности во врска со долгорочните глобални модели на снабдување и трговија.
Покрај тоа, помала достапност на свинско месо на пазарот на ЕУ, може да доведе до промени во навиките на потрошувачите. Водени од социјалните барања, вклучувајќи ги и етичките, здравствените и еколошките проблеми, годишната потрошувачка на месо од ЕУ се очекува да се намали за 1 кг по жител, и да достигне 68,6 кг по жител во 2030 година.
Потрошувачката во секторот говедско месо ќе се намали од 10,8 кг по глава на жител во 2019 година на 10 кг во 2030 година. Ова ќе рефлектира проектиран пад на производството на говедско месо од 9,4% во текот на предвидениот период, и покрај малото зголемување на цените за тоа месо до 2030 година .
Спротивно на тоа, побарувачката за живина во ЕУ се очекува да расте постојано помеѓу 2019 и 2030 година. Производството може да достигне 16,5 милиони тони до 2030 година, со потрошувачка од 26,6 кг по жител до 2030 година и стабилно постојана силна глобална побарувачка.
Зголемувањето на глобалната побарувачка за свинско месо може да резултира со краткорочни зголемувања на производството на свинско месо од ЕУ и повисоки цени. Последново може да доведе до силен пад на потрошувачката во однос на планираното. Сепак, како што се опоравува азискиот пазар на месо, производството во ЕУ се очекува нагло да падне, заедно со цените.
Извор https://www.agroklub.com/
Напишете коментар