Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Брашно од банана, без вкус на банана
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Брашно од банана, без вкус на банана
Магазин

Брашно од банана, без вкус на банана

Објавено 23/03/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Брашното од банана се прави од зелени, незрели банани, кои се лупат и се варат, а потоа се мелат во ситен прав. Претежно е составено од јаглехидрати, но содржи малку влакна и протеини.

Без разлика дали јадете храна без глутен или сте на кето диета, големи се шансите да сте наишле на интересни замени за брашно кои ветуваат повеќе хранливи материи од традиционалното обично брашно. Бадемите и кокосот се меѓу најпопуларните алтернативи, а тука се и оризот и овесот. Сепак, најновиот додаток е брашното од банана.

Брашното има благ сладок вкус и лесна текстура. Бидејќи брашното е природно слатко, одлично е и за печење.

Брашното од банана главно се прави од јаглени хидрати, но содржи и малку влакна и протеини, како и нула грама масти. Исто така е одличен извор на калиум, кој е важен за здравјето на срцето и мускулите.

Бидејќи содржи зелени банани, делува како пробиотик и на тој начин го поддржува здравјето на цревата. Иако бананите се природно слатки, не мора да се грижите за шеќерот во крвта, благодарение на нискиот гликемиски индекс.

Брашното од банана е природно, без глутен и има повеќе хранливи материи. Тоа е одлична замена за секој кој има одредени ограничувања во исхраната. Другите алтернативи на брашно, како што е бадемовото брашно, содржат повеќе протеини.

За што се користи брашното од банана?

Брашното од банана прво, нема вкус на банани. Бидејќи брашното од банана се прави од зелени банани, вкусот на слатките зрели банани не доаѓа до израз. Незрелите банани додаваат малку сладост, но изразен мирис и вкус на банана, не.

Може да се користи за скоро сите рецепти. Освен за печење, брашното од банана можете да го користите како згуснувач во чорби, па дури и во смути.

Една работа што треба да ја имате на ум кога се готви со брашно од банана е дека, поради високата содржина на скроб, апсорбира повеќе течност од другите. Значи, ако барате нешто полесно, ќе треба да изберете друга опција.
Иако не е толку здраво како да јадете цела банана, сепак ќе имате слични хранливи материи, вклучително и дополнителен калиум и влакна. Бидејќи можете да го користите во кој било рецепт што го сакате, навистина нема ограничувања кога станува збор за додавање овошно брашно во вашите оброци.

Може да ви се допадне

Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
(РЕЦЕПТ) Лосос од рерна
Таг:брашно од банана
Претходен напис Украина побара поддршка за увоз на гориво и семе
Следен напис Агро лидер: Руралната жена треба социоекономски да зајакне и да стекне самодоверба
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?