Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Агро лидер: Руралната жена треба социоекономски да зајакне и да стекне самодоверба
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Рурален Развој > Агро лидер: Руралната жена треба социоекономски да зајакне и да стекне самодоверба
Рурален Развој

Агро лидер: Руралната жена треба социоекономски да зајакне и да стекне самодоверба

Објавено 23/03/2022
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Со претставување на вештините во традиционалните јадења на руралните жени, денеска во општина Долнени беше промовиран концептот „Социјална правда и економско јакнење на жените во руралните средини”. Ова е прв од серијата настани за предизвиците и можностите со кои се соочуваат помалите општини во креирање локални политики за поддршка на жените во руралните средини. Проектот е на невладината локална акциона група АГРО ЛИДЕР во соработка со општина Долнени.

Како што објаснува Марина Тошеска, со денешниот прв од серијата настани годинава, се охрабрува руралната жена да ги оствари своите права и потреби.

-Нашата држава и локалните самоуправи во согласност со националната регулатива и сите меѓународни договори, прават напори и веќе се направени значајни исчекори во обезбедувањето учество на жените во креирањето политики. Денешниот настан има цел да ги охрабри жените, но и носителите на локалните политики, градоначалниците, за поактивно вклучување и ангажираност, како и во давањето идеи што треба да се подобри за навистина општината да одговори на реалните потреби на жените, но и да им се даде можност самите да спроведуваат иницијатива, изјави Тошеска.

Можно е да е слика од 18 луѓе и луѓе што стојат
Фото/Facebook

Според неа, направен е значаен исчекор, но долг е патот што треба да се изоди. Приоритетни се правото на породилно отсуство и социоекономското зајакнување.

-Со поддршка на Општината, ќе работиме на обезбедување платено породилно отсуство за жените земјоделки, да им обезбедиме пристап до социјалните права, правата од социјална заштита, да ги зголемиме, да обезбедиме можности и услуги да се зголеми нивната вработливост, и најважно од сѐ, да се зголеми свесноста и нивниот труд и значењето за развој на руралниот труд со нивниот придонес да биде промовиран и вреднуван, вели Тошеска.

Според Снежана Јованоска, социјален работник во Центарот за социјални работи од Прилеп која работи токму во областа на правата и услугите за населените места во Долненско, жените се главни носители на правата од детски и образовен додаток што им дава одредена сигурност да располагаат со средства и да решаваат за потребите, но мора да се работи, да се разговара во нивните семејства за да стекнат доверба и самодоверба.

Можно е да е слика од храна
Фото/Facebook

-Треба уште да се работи, но чувствувам дека во овој дел жените стануваат свесни дека и тие, рамноправно со нивните мажи може непречено да комуницираат со институциите, има голем дел со средно и со факултет и може да ги бараат и да ги планираат нивните потреби и може да побараат поддршка и помош од кој било вид.  Од социјален аспект, ние треба да бидеме присутни во семејствата, да се разговара директо со жените, да стекнат доверба и во институциите и во самите себе дека рамноправно со брачните другари може  да присуствуваат и да придонесат воопштествениот живот, да ги бараат правата и да се унапредуваат, да бараат квалификација и преквалификација и да бараат вработување и во руралните места, објаснува Јованоска.

Ајше Муаремоска Топалоска од локалната самоуправа во Долнени вели дека ова е прв ваков настан и е охрабрување за  жените кои веќе се вклучуваат во општествените текови.

– Ова е Општина на четири заедници: македонска, албанска, турска и бошњачка. Денеска почнавме со иницијатива да направиме традиционални јадења, да ја промовираме руралната жена и да може да се развива социо-економски и да биде активна во сите сфери на општината. Ги вклучуваме и во други проекти: за згрижување стари лица, на деца со посебни потреби, ги вклучуваме во отворањето на ран детски развој, вклучени се најмногу жените и малите деца кои, за жал, нема каде да се социјализираат и едуцираат, изјави Муаремоска Топалоска.

Во локалната самоуправа во Долнени од 30 вработени, осум се жени, а градоначалникот Урим Ибески најави личен придонес во рамноправното вклучување на жените за реалните потреби.

– Денешниот настан е најава за креирањето на локалните политики согласно со реалните потреби на жителите на Општината, вклучувајќи ги и родовиот аспект и поддршката на жените.  Во соработка со ЛАГ – Агро Лидер ќе работиме на вклучување на родовата перспектива во програмите, стратегиите и во останатите документи на општина Долнени, изјави градоначалникот на Долнени Урим Ибески.

Можно е да е слика од храна
Фото/Facebook

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Пловечка платформа на вода или фиксна конструкција на суво – два концепти за довршување на пешачката патека во Дојран
Рурални жени од Преспа: Малини во Преспа – нов почеток!
Хоџа најави инвестиција од 200 милиони денари: Арачиново добива нова инфраструктура
Колев: Влезот во село Караслари ќе се реконструира!
РСЕ: Како лекарите да се вратат во селата?
Таг:Агро лидерРуралната женасамодоверба
Претходен напис Брашно од банана, без вкус на банана
Следен напис Времето денеска сончево, ветровито и топло со температури до 23 степени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?