Боровинката може одлично да успева во саксија ако ѝ се обезбеди кисела почва, добра дренажа и редовно наводнување.
Саксија
Минимум 40–50 литри
Обавезно дупки за одвод
Подобро пластична отколку глинена (задржува влага
Почва – НАЈВАЖНО
Боровинката сака кисела почва (pH 4.5 – 5.5)
Не користи обична градинарска земја – ќе пожолти.
Наводнување
Почвата треба да е постојано влажна, но не каллива.
Летно време – речиси секој ден.
–-Ѓубрење
Користи ѓубриво за боровинка, рододендрон.
Не ставај обично NPK без проверка – може да ја алкализира почвата.
–Позиција
Најмалку 6 часа сонце дневно
Заштита од силен ветер
–Зима
Боровинката е отпорна, но:
Ако има многу минус температури, обмотај ја саксијата со текстилен филц-го има во земјоделски аптеки

–Колку раѓа?
Од 2 -ра година почнува да дава плод
Одрасна билка во саксија може да даде 2–4 kg годишно ако е добро одржувана.
—-ЃУБРЕЊЕ (Општа шема)
Возраст Годишна количина (гранула)
1 година 30–50 g
2 година 70–100 g
3+ години 150–250 g
Прва прихрана–март
Втора прихрана-мај
Последна прихрана-најмала доза -јуни
Извор – Опитно поле ФЗНХ
