До редакцијата на Агротим секојдневно пристигнуваат прашања од земјоделците околу легализација на тракторите и приклучната механизација.
Земјоделците очекуваат од Владата можност преку постапка за легализација односно утврдување на соспственичкиот статус да станат сопственици на тракторите, тракторските приколки, мобилните машини, мотокултиватори, приколки за домување, како и возила од категориите О1, О2 и L и да можат да ги вклучат во сообраќајот на патиштата како безбедни за намената која ја имаат.
Земјоделците имаат проблем околу документацијата на тракторите кои ги поседуваат, а со заострените законски критериуми ќе се оневозможи нивното користење, ако не ги легализираат.
