Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Боне Спасовски инвестира 55 000 евра во нов лозов насад со „Темјаника“ : Доста барана сорта, лани цената достигна 45 денари за килограм
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Растително производство > Боне Спасовски инвестира 55 000 евра во нов лозов насад со „Темјаника“ : Доста барана сорта, лани цената достигна 45 денари за килограм
Растително производство

Боне Спасовски инвестира 55 000 евра во нов лозов насад со „Темјаника“ : Доста барана сорта, лани цената достигна 45 денари за килограм

Последна измена: 07/04/2025 11:04
Сподели
3 мин. за читање
Сподели

Земјоделскиот производител Боне Спасовски од село Виничани, Општина Градско со земјоделство се занимава од дете, а професионално од 1988 година по завршување на средното земјоделско училиште. Со неговото семејство произведуваат грозје, сливи, кајсии и круши. Сите насади се врвно професионално изработени со големи инвестиции, најголемиот дел сопствени средства но тука се и субвенциите од државата и фондовите како ИПАРД.

На прашањето дали има пари во земјоделското производство, вели дека има ако се работи професионално и ако се инвестира.

-Јас еден сок се немам напиено со парите од субвенциите, сите ги инвестирам. Секој сериозен земјоделец ако работи професионално, ако се посвети на производството ќе има добра заработка. На пример, од лозовите насади имам по 4 тона грозје од декар секоја година и не можам да издвојам кога било подобро или полошо, за мене секоја година е добра. Годините се различни во зависност од временските услови кај кајсијата, на пример лани ја дадов по едно евро за килограм, ама оваа година измрзна. Затоа секој земјоделец мора да има најмалку три производства. Јас имам 10 декари со круша и 7 декари со слива. Од лозарство имам одрина со вранец на 30 декари и млад насад 20 декари со темјаника и еве сега садиме уште 7 декари од сортата Темјаника. На оваа сорта се одлучив затоа што е многу барана од помалите винарии – вели за Агротим, Спасовски.

Лозовиот насад од сортата Темјаника се наоѓа во село Свеќани, на 460 метри надморска висина, во подножјето на планината Клепа.

-Инвестицијата во насадот со Темјаника е 55 000 евра, сопствени средства. Садниците се италијански по цена од 90 денари – садник. Во подигнување на насадот ми помогнаа десетина мои блиски луѓе и завршивме добра работа. Се надеваме на успешност и долги години да береме квалитетно грозје. Оваа година планирам да наберам 40 тона темјаника од 20 декари насад што е трета година – вели Спасовски.

Иднината ја гледа најмногу во лозарството поради решениот пласман.

-Имам добра соработка со винарија „Камник“ и годинава ќе оди таму вранецот по 35 денари за килограм. Темјаниката ја купуваат помалите винарии и за неа постои голем интерес, лани достигна цена од 40-45 денари за килограм – изјави Спасовски.

Репортажата за земјоделскиот производител Боне Спасовски од Виничани ќе ја завршиме со неговите планови за иднината кои ги гледа во лозарството, производството на квалитетно грозје и сигурниот профит кога се работи, како што вели, професионално и со љубов.

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Боне Спасовски од Виничани држи час по лозарство: После три години работа, од темјаниката очекувам добар род!
Состојба на земјоделските култури и агрометеоролошка прогноза за периодот после 29.05.2025 година
До 1000 евра за килограм: Дивиот „зеленчук“ кој расте како луд во Србија се повеќе се бара кај гурманите
Препорака од група агрономи за заштита на виновата лоза од пролетни мразеви
Земјоделците јавуваат за ШТЕТИ од измрзнување кај расадот од ТУТУН
Таг:Боне СпасовскиВиничанигрозјелозје
Претходен напис Земјоделците информираат за МАНИПУЛАЦИЈА ОД СТРАНА НА ОТКУПУВАЧИТЕ СО ЦЕНАТА НА ЗЕЛКАТА
Следен напис Променливо облачно со повремени врнежи од дожд
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?