Стапуваат на сила измените на законот за градење преку кои креиравме наједноставен модел за поставување на фотонапонски електроцентрали на објекти, без административни постапки, без издавање на одобрение/решение за градење, информираше министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.
Граѓаните ќе треба да достават само известување за поставување на фотонапонска електроцентрала кон кое ќе приложат:
-копија од лична карта
-имотен лист за објектот на кој се предвидува да се постави фотонапонската електроцентрала, со право на сопственост на инвеститорот
-доколку објектот не е во сопственост на инвеститорот, се доставува договор или согласност од сопственикот на објектот.
-основен проект за фотонапонска електроцентрала до 6 киловати за домаќинствата, односно до 40 киловати за компаниите.
-не е потребно издавање на одобрение/решение за градење од локална самоуправа.
„Во време кога се наоѓаме во сериозна светска енергетска криза, го прилагодуваме системот, преземаме мерки и излегуваме во пресрет на граѓаните и компаниите, а воедно го помагаме и домашниот електро енергетски систем. Ова е уште еден доказ дека Владата работи во интерес на граѓаните и стопанството. Даваме силна поддршка, со заедничка акција и дејствување ќе ги надминеме сите предизвици пред кои сме исправени.“, рече Бочварски.
Zdr.
Ako mozi, pisete KADE treba da se dostavuvaat navedenite dokumenti. Pisuva samo da se dostavat…
pozz Dejan