Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Охрид се соочува со хиперпродукција на туристички водичи, додека некои туристички градови немаат ниту еден
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Охрид се соочува со хиперпродукција на туристички водичи, додека некои туристички градови немаат ниту еден
МагазинРурален Развој

Охрид се соочува со хиперпродукција на туристички водичи, додека некои туристички градови немаат ниту еден

Објавено 25/10/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Нелојалната конкуренција предизвикува хиперпродукција на туристички водичи во Охрид, додека во некои поголеми туристички градови немаат воопшто.

Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка во туризмот Љупчо Јаневки смета дека е неприфатливо град како Дојран да нема туристички водич.

– Ќе се потрудиме повеќе да ги инволвираме младите луѓе до 29 години да размислуваат за туризмот, активните форми на туристичката понуда и да размислуваат што повеќе да основаат свои компании, но и да отпочнат бизниси токму во оваа сфера, вели Јаневски.

Љупчо Јузмески, пак професионален туристички водич од Охрид, забележува дека секој во слободно време може да биде лиценциран водич, што доведува до хиперпродукција во професијата.

– Доктори, пожарникари, полицајци, таксисти…, секој во слободно време е водич, а ние не можеме во слободно време да сме доктори, професори, пожарникари…. Тука е проблемот во нелојалната конкуренција. И пензионерите за да излезат на терен денеска симнуваат поевтино, тие се осигурани со една пензија месечно, нас ни го земаат лебот. Имаме хиперпродукција на туристички водичи, нагласува Јузмески.

Според него, туристички водич е комплексна работа, не си само професор што ќе излезе и ќе им раскаже на туристите, туку треба да направи шоу да го исполни нивното време.

– Да се биде добар туристички водич е комплексна работа. Новите генерации на туристички водичи послабо ги анимираат гостите, баш таа интеракција со групата ја немаат. Ретки се тие постарите што укажуваме на некои грешки за да бидат подобри понатака, истакнува Јузмески.

Тој најави дека наскоро во Туристичкиот центар, кој се наоѓа во близина на Охридското пристаниште ќе им се овозможи на новите водичи да одат со постарите кога ќе имаат групи, да ги внесат во работата, но и да им дадат можност да излезат пред групата да се опуштат.

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:охридтуристилки водич
Претходен напис Бочварски: Стапија во сила законските измени за поедноставни процедури за фотоволтаици
Следен напис Инвазивна болест на цитрусите ѝ се заканува на Европа – Инсектот што ја пренесува се појавил во Севиља
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?