Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

Битолска млекара го одбележа Светскиот ден на квалитет преку организирање „отворен ден“ за заинтересираните граѓани


Традицијата на одбележување на Светскиот ден на квалитет и оваа година беше продолжена од страна на Млекара АД Битола преку организирање „отворен ден“, односно отворање на вратите на својата фабрика за верните потрошувачи, студенти, но и за сите заинтересирани граѓани.

Големиот број посетители, како и студентите од Биотехничкиот факултет во Битола, кои ја посетија фабриката, имаа можност одблизу и директно од врвните професионалци да се запознаат со процесот на производство на млекото и млечните производи од широкото портфолио на Бимилк. Истовремено, тие имаа можност да се едуцираат за меѓународните стандарди за квалитет што Битолска млекара секојдневно ги применува во своето работење, со цел да се одржи довербата кај потрошувачите и приматот на најголем млекопроизводител на македонскиот пазар.

„Битолска млекара е компанија со долга традиција, која својата лидерска позиција во млечната индустрија во државата ја има обезбедено и задржано преку следење на светските стандарди за квалитет. Потрошувачите знаат да го препознаат квалитетот и преку секојдневно консумирање на производите да изградат силна врска со производителот. Токму затоа, преку отворањето на вратите на нашата фабрика даваме можност за директно запознавање со целиот процес на производство, од првата фаза на прием на домашно квалитетно млеко, преку лабораториските испитувања и контрола на квалитетот, производството и пакувањето, па сè до складирањето и дистрибуцијата“, изјави Полексена Јанкуловска, маркетинг-менаџер во Бимилк.

Меѓународниот ден на квалитет секоја година се прославува низ целиот свет на вториот четврток од ноември, а оваа година беше прославен на 14 ноември. Секоја година,овој ден се одбележува под различна тема, а овогодишното одбележување беше посветено на 100-те години квалитет,поточно на еден век од основањето на Меѓународниот институт за квалитет. Од 1919 година до денес, страста за обезбедување квалитетни и безбедни производи и услуги опстојува поради извонредната работа на професионалците за квалитет.

Бимилк е една од компаниите низ целиот свет, кои,исто така, даваат свој придонес во подигнувањето на свеста од потребата за следење на стандардите за квалитет во производството.

Извор: Зелена Берза

Ное 17, 2019agrotim1
УХМР: Состојба на земјоделските култури и агрометеоролошка прогноза за периодот после 15.11.2019 годинаОсум продукти кои го исфрлаат никотинот од организмот

Напишете коментар Откажи одговор

17/11/2019 Агровестбитолска млекара, ден, квалитет, млек, отворен86

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Изработка на апликации за ИПАРД и ФИТР

За информации и изработка на апликации за јавните повици на ИПАРД и Фонд за иновации и технолошки развој:

Phone: 071 285 385

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019